Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Свет  

СЗО прогласи пандемија

Коментари (7)   
11.06.2009 12:50
Светската здравствена организација
 

СЗО прогласи пандемија на мексиканскиот грип. СЗО денеска прогласи пандемија на новиот вирус H1N1, познат како свински или мексикански грип. Ова е првпат по 41 година СЗО да прогласи пандемија поради вирус.

Одлуката уследи откако порасна бројот на заболени во САД, Европа, Австралија и во Јужна Америка.

Во соопштението што СЗО им го испрати на сите држави-членки се вели дека организацијата се одлучила да го подигне нивото на узбуна од петти на шести степен, што значи дека е прогласена глобална пандемија на свинскиот грип.

Одлуката е донесена по итниот состанок на членовите на СЗО и експертите посветен на борбата против вирусот H1N1.

Во Германија 30 соученици заразени од грипот А

Дизелдорф
 

Најмалку 30 ученици од едно меѓународно јапонско училиште во Дизелдорф се заразени од вирусот H1N1.

„На децата им е релативно добро, а двајца заразени се наоѓаат во тешка состојба“, изјави шефот на диселдорфскиот Завод за здравствена заштита Хајко Шнајтлер и предупреди дека можат да се очекуваат нови случаеви на болеста меѓу децата од тоа училиште.

Се уште не е познато како се раширил вирусот на новиот грип. Здравствените власти наведуваат дека уште минатата недела се разболел еден ученик чие семејство само што се вратило од одмор од Малта.

Семејствата на децата кај кои е потврден вирусот се наоѓаат во домашен карантин.

Јапонското училиште во Дизелдорф кои го посетуваат околу 500 деца во меѓувреме е затворено.

Во Северна Рајна-Вестфалија, најмногубројна германска покраина, чиј главен град е Дизлдорф во кој живеат повеќе од 18 милиони луѓе, бројот на заразени лица се искачи над 40.

Според податоци на Светската здравствена организација од новиот грип од типот А инфицирани се повеќе од 25.000 луѓе во 73 земји.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Повторно пандемија на грипот А? [10.06.2009]
• Сто луѓе починаа од грипот А [28.05.2009]
• Споменик за „нултиот пациент“ на грипот А [27.05.2009]
• Нови седум смртни случаи на грипот А [27.05.2009]
• 13.000 инфицирани од грипот А [26.05.2009]

  Најнови вести од Свет 
• Експлозија на нафтена платформа во Мексиканскиот Залив [02.09.2010]
• Почеток на израелско-палестинските мировни преговори [02.09.2010]
• Ерл, Компасу и Лионрок пустошат низ светот [02.09.2010]
• Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel [02.09.2010]
• Унгарската ултра-десничарска партија „Јоббик“ бара логори за Ромите [02.09.2010]
• Русија делумно ја укина забраната за извоз на жито [02.09.2010]
• Технички проблеми во спасувањето на рударите во Чиле [02.09.2010]
• Пет војници загинаа во азербејџанко-ерменски судир [01.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk