Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Жителите на Долнени пијат нехлорирана вода

Дарко Штаргоски Коментари (1)   
02.06.2009 15:32
 
 

Повеќе од 10 дена околу 8.500 жители на општина Долнени пијат нехлорирана вода. До сега водата ја хлорирало ЈП „Водовод“ од Прилеп кој си ја повлекол хлорната станица бидејќи не е одговорен повеќе да хлорира вода за други општини.

Советниците од СДСМ од долнени денеска обвинија дека општината ја крие оваа информација.

„Во екот на летните горештини се знае дека хлорот е неопходна состојка на водата за пиење, а веќе во долнени има висок процент кај населението заразено со жолтица“, изјави Ахмо Фазлиќ, ОО на СДСМ во општина Долнени.

Од заводот за здравствена заштита во прилеп велат дека иако засега водата што ја провериле, пред неколку дена, е исправна за пиење сепак постои голема опасност од појава на заразни болести.

„Опасноста е во можноста на евентуална контаминација на водата за пиење, во смисла на бактериска контаминација и постоење на можност за одредени заболувања кај луѓето кои се пренесуваат преку водата за пиење“, вели Петар Оханисјан, специјалист по хиена во ЗЗЗ Прилеп.

Жителите на Долнени воопшто не се запознати со ова и велат дека никој не ги известил.

„Никој не нема известено за тоа, дали е хлорирана или не ние не знаеме, пиеме па сега дали е чиста или не никој не знае“, вели Велимир Кузманоски, жител на с. Долнени.

 
 

„Никој не знае дали е исправна за пиење нашата вода“, рече Пецо Попоски, жител на с. Сенокос.

Иако се обидовме да добиеме одговор за овој случај и од градоначалникот на Долнени, Абдула Бајрамоски, и од директорот на ЈКП Долнени тие денеска не сакаа да коментираат. Од Водовод Прилеп велат дека за ова повлекување на станицата ги известиле во Долнени уште пред 6 месеци, но од таму не презеле ништо.

„Секоја локална самоуправа, односно секое јавно претпријатие е должно на граѓаните од својата територија да им обезбеди здрава вода за пиење и хлолирана“, вели Сашко Николоски, директор на ЈП „Водовод“ Прилеп.

Засега нема одговор дали воопшто ќе започне хлорирање на водата, ниту тоа кој ќе одговара доколку се појави епидемија кај населението во Долнени.

Дамјан Варошлија - web новинар

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Стрежевското наводнување се помалку се користи [22.05.2009]
• Недостиг на вода - трпат земјоделците [21.05.2009]
• Анализа: Каде е проблемот во наводнувањето? [17.05.2009]
• Плаќаат казни зашто немаат канализација [16.05.2009]
• Жителите на Зрновци го блокираа влезот на хидроцентралата [15.05.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Што да очекуваме во ноември од Европската комисија [09.09.2010]
• Честитка на премиерот и претседателот за Рамазан Бајрам [09.09.2010]
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk