Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонската влада се сврте кон неврзаните

Биљана Секуловска Коментари (14)   
01.06.2009 20:36
Стево Пендаровски
 

Македонската влада, минатиот месец тајно, во својство на гостин присуствувала во Хавана, на министерски состанок, и со тоа станала дел од голем дел проблематични земји, кои се членки на неврзаните, но во исто време, како набљудувачи се дел од поранешните југословенски републики.

Комунистичката матрица оставила длабоки лузни, смета досегашниот советник на претседателот црвенковски

„Мене не ме чуди што разно - разни советници на претседатели, премиери, сугерираат таков пристап во 21 век, затоа што тоа се луѓе кои се во поодмината возраст, навлезени во седмата деценија од својот живот, и единственото нешто што го знаат е комунизмот и некогашна Југославија. Мене ме чуди што нашиов министер за надворешни работи, кој е еден од најмладите министри во светот за надворешни работи, воопшто им верува на тие луѓе, кои и друго незнаат да сугерираат“, изјави Пендаровски, екс советник на претседателот.

Слабиот дипломатски капацитет и перформанси на оваа власт се аргумент плус за кревање на веѓите за тајната врска Македонија - неврзаните.

Емил Крстевски
 

„Таму треба да се лобира. Треба да се воспоставуваат тие контакти. не е доволно да имате само постматрач на самитот на неврзаните и слично“, вели Ванковска, универзитетски професор.

Дали економскиот бенефит може да биде единствената причина за.

„Постои серија на студии, сериозни, изведени од компетентни институции во светот, кои докажуваат дека по вашиот влез во одредена меѓународна организација, дури и оние кои имаат и безбедносна компонента како што е НАТО, соработката меѓу земјите членки, и овој што е ново примениот член, се зголемува, значи и на економски план. Додека нема никаков емпириски показател, дека со вашиот влез во движењето на неврзаните вие ја подобрувате и економската компонента, како што велат нашите предлози од тука“, рече Пендаровски.

Но, ова не е прв обид за приближување кон неврзаните.

„Во 92 година ми се чини. Тоа беше десетиот самит на неврзаните во Џакарта, меѓутоа ние тогаш не бевме земја членка на ОН. Ние тропаме на неколку врати, и може да се добие впечаток во јавноста, дека не фаќа паника поради она што ни се случи во Букурешт“, вели Емил Крстески, екс советник на претседател на Собрание.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Уште милиони за уште кампањи [21.05.2009]
• Амбасадорите бараат продолжување на реформите [22.04.2009]
• ММФ: 8-те милијарди евра се преоптимистички [06.03.2009]
• Македонија набави три авиони за гасење пожари [04.03.2009]
• Осум милијарди евра за македонската економија [01.03.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk