Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

ЕУ со регионален пристап за визите

Тања Милевска Коментари (7)   
26.05.2009 11:11
Жак Баро
 

Европската Унија најверојатно ќе се одлучи за регионален пристап за визната либерализација.

Таа ќе донесе одлука за укинување на визите откако ќе знае точно кога која земја од регионот ќе биде во состојба да добие визна либерализација, информираат дипломатски извори во Брисел, после средбата на министерот Милошоски со потпретседателот на ЕК, Жак Баро.

Најверојатната варијанта е Македонија прва да ја добие визната либерализација, а до оваа одлука да стои фуснота во која се прецизира на кој датум ова одлука ќе важи за останатите земји во регионот.

На овој начин ЕК и земјите членки би имале јасна визија и календар за стапувањето на сила на визната либерализација. Информацијата не ја демантираше ни ЕК денес, потсетувајќи дека Европа функционира прагматично.

Микеле Черконе
 

„Нашиот пристап кон визната либерализација се заснова на факти и е конкретен и прагматичен пристап и ќе продолжиме по тој пат. Ова не е политичко прашање како што некои медиуми се обидуваат да го претстават, процесот се заснова на факти. Го проверуваме, постојат бенчмаркови и параметри. Врз основа на тие параметри правиме верификација. Не постојат други фактори кои ќе влијаат на одлуката на комисијата“, изјави Микеле Черконе, портпарол на ЕК.

Ваквиот пристап би можел да ја одложи визната либерализација за неколку месеци за Македонија, иако министерот Милошоски во Брисел денеска беше дециден дека Македонците ќе патуваат низ Шенген зоната слободно од 01 јануари.

„2009. година очекуваме одлуката за визна либерализација да биде донесена. Македонија да биде земјата на кој на која со сигурност ќе и се укинат визите за патување во земјите членки на шенген зоната, и примената на оваа визна либерализација да не почне покасно од 1.01.2010 година“, вели Милошоски.

Антонио Милошоски
 

Визната либерализација е неизбежниот следен чекор за земјите од регионот, согласни се сите. Меѓутоа, предупредуваат дипломатите во Брисел,,во овој момент земјите членки се целосно фокусирани на изборите и на економската криза, и поради тоа нема да биде изненадување ако целата процедура биде одложена за неколку месеци, барем по германските избори.

Вчерашниот амбасадорски состанок на кој требаше да се дебатира за визната либерализација беше одложен, знак дека земјите членки на ЕУ не се ентузијасти во овој момент за донесување таква одлука.

Дамјан Варошлија - web новинар

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Кои се сценаријата за Шенген бариерите и грчкиот спор? [25.05.2009]
• Тивко одлагање на одлуката за визите? [25.05.2009]
• Македонија ги исполнува сите критериуми за визна либерализација [22.05.2009]
• Опозицијата скептична за визното олеснување [20.05.2009]
• 38% Македонци би ја напуштиле државата [20.05.2009]

  Дополнителни информации 
• МНР: Правила за престој во шенген зоната [23.12.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk