Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Ќе се менува инвеститорот за црквата на плоштад?

Коментари (2)   
19.05.2009 17:16
г.г. Стефан
 

Дали се погласните најави за менување на инвеститорот на црквата на скопскиот плоштад се обид да се избегне уште една негативна одлука од Уставниот суд за владиниот проект?

Официјално и се уште, во општина Центар како инвеститор на градбата се јавува Министерството за култура.

Се избегнува одговор дали и како е можно сега, по издадената документација, да се менува инвеститорот, односно наместо Владата да се јави црквата?

Поглаварот на МПЦ на поставените прашања дали црквата ќе ја преземе улогата на финансиер, без конкретен одговор.

„Црквата кој е должен да ја подигне? Оној што ја градел некогаш или оној што ја урнал потоа? Ако тоа прашање ви е јасно, немаше да го поставувате, а црквата ќе ја градиме верувам заедно сите“, рече г.г. Стефан, поглавар на МПЦ.

Реис Ул Улема Хаџи Ефенди Реџепи
 

Против изградба на црква нема ништо, ама на плоштадот сака да ја види и Бурмали џамијата. Поглаварот на ИВЗ тврди дека со Општината е во интензивна комуникација. Убеден е дека на скопскиот плоштад ќе се гради и Бурмали џамијата. Пари нема да бара од државата.

„ИВЗ има поднесено барање до општина Центар после изборите и консолидација на органите, за промена и дополнување на урбанистичкиот план. Не само што е поднесено барање, дури имаме и контакти во таа насока и очекуваме позитивен одговор“, изјави Реис Ул Улема Хаџи Ефенди Реџепи, поглавар на ИВЗ.

Приказната за менување на инвеститорот на црквата станува се поактуелна со можноста во следните месеци Уставниот суд да одлучи за црквата на плоштадот.

Досега се поднесени две иницијативи. Една од Група граѓани кои бараат да се преиспита Членот 19 и да се утврди дали државата го крши Уставот со тоа што гради верски објект со буџетски пари, и дали потегот привилегира само една верска заедница.

Втората иницијатива е на невладината „Разбуди се“ која се противи на местото каде се наоѓала куќата на Мајка Тереза да никне верски објект.

Од невладината се и против џамија на плоштадот и најавија протести доколку почне изградбата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• ВМРО-ДПМНЕ против насилството на фотографиите на МСУ [14.05.2009]
• Контроверзни фотографии на Македонската студентска унија [13.05.2009]
• Се бара владина одлука за обнова на џамијата [08.05.2009]
• И средношколците и студентите за веронаука [28.04.2009]
• Проектот црква на плоштад без пречки од општина Центар [27.04.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk