Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Сите претседатели на Република Македонија

Коментари (7)   
11.05.2009 10:50
Иванов е професор по политички науки
 

Ѓорге Иванов на 12 мај 2009 година ќе стапи на функцијата претседател на Република Македонија. Тој е четврти претседател на Република Македонија, избран во април 2009 година, како кандидат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Иванов е професор по политички науки, роден на 2 мај 1960 година во Валандово. Завршил основно и средно училиште во неговиот роден град Валандово. До 1990 бил активист во Сојузот на социјалистичката младина на Југославија. Неговото живеалиште е во Скопје.

Во 1995 е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, а во 1998 за доцент на предметите Политички теории и Политичка филозофија. Една година подоцна е избран за визитинг професор на постдипломските студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Атина. Од 2000 година е член на Советот на директори на европските постдипломски студии за демократија и човекови права на Универзитетот во Болоња и координатор на курсот за демократија, што се изведува на Универзитетот во Сараево.

Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје. Во 2002 е избран за вонреден, а во 2008 и за редовен професор. Од 2004 до 2008 е продекан на Правниот факултет. Од 2008 година е претседател е на Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија.

Глигоров функцијата ја извршува во два мандата од 1991 до 1999 година
 

Првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Глигоров функцијата ја извршува во два мандата од 1991 до 1999 година. За претседател на Република Македонија бeше избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател ја извршуваше до 19 ноември 1999 година.

По пензионирањето Киро Глигоров е активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател - „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат - ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006).

Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“ што поддржува проекти од културата и уметноста.

Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Трајковски имаше клучна улога во потпишувањето на Рамковниот договор
 

Борис Трајковски, вториот претседател на Република Македонија, е роден на 25 јуни 1956. година во Струмица.

Во 1980-та дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што специјализирал деловно право и право на работни односи. Во 1997 е именуван за шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Кисела Вода, а во 1998-та е избран за заменик-министер за надворешни работи на Македонија.

Од партиските функции во ВМРО-ДПМНЕ, тој своевремено беше претседател на Комисијата за надворешно-политички односи и главен политички советник за надворешна политика на поранешниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски. Трајковски беше и член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење на Република Македонија и на Меѓународната конференција „Решавање на конфликти“, со седиште во Атланта.

Тој беше инаугуриран како втор по ред претседател на Македонија на 15-ти декември 1999-та година. На претседателот Трајковски светот гледаше како на млад лидер со прозападна ориентација, како миротворец кој избегна граѓанска војна во Македонија. Трајковски имаше клучна улога во потпишувањето на Рамковниот договор во 2001-та со што се стави крај на вооружениот конфликт во Македонија.

Борис Трајковски загина трагично во авионска несреќа на 26 февруари 2004, заедно со осуммина соработници, близу Мостар, Босна и Херцеговина. Тој имаше 47 години.

Со 29 години, тој беше најмладиот премиер во Европа
 

Бранко Црвенковски е третиот претседател на Република Македонија. Роден е на 12 октомври 1962. во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која се уште се наоѓаше во рамките на СФР Југославија, беше избран за пратеник во првиот состав на Собранието. Во април 1991 година Црвенковски беше избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември 1992, стана вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој беше најмладиот премиер во Европа во тој период. Вториот премиерски мандат го добил по изборите во декември 1994.

На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, одржани по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.

На 12 мај 2004 ја Црвенковски ја презема функцијата претседател и се повлече од премиерската должност и од претседателската функција во партијата. Петгодишниот претседателски мандат на Бранко Црвенковски завршува утре кога ќе му ја предаде должноста на новоизбраниот шеф на државата Ѓорге Иванов.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Каква вратоврска ќе носи Иванов на инугурацијата [10.05.2009]
• Најави за нови блокади на инаугурацијата [10.05.2009]
• Бошкоски: Состојбата во Македонија е загрижувачка [09.05.2009]
• Ахмети не оди на инаугурација без дозвола од ДУИ [09.05.2009]
• Македонија исклучително ниско според слободни избори [09.05.2009]

  Дополнителни информации 
• Петти локални избори во Македонија [20.03.2009]
• Македонија на 22 март по четврти пат избира претседател [27.02.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk