Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонските хакери го возвраќаат ударот!

Коментари (35)   
05.05.2009 16:19
За време на првомајските празници беше нападнат сајтот на Црвенковски
 

„Macedonian Dark Security“, хакерската група од Македонија денеска на сајтот на Албанскиот претседател Топи, ја прикачи страната http://president.al/english/pub/keshilltaret.asp?id=156, и напиша, Не си играјте со нас!

Освен оваа порака и картата на голема Македонија, групата на официјалниот сајт на албанскиот претседател не направила никаква штета. Најверојатно сакале да покажат дека ниту официјалните страници на државните институции не се доволно заштитени од хакерски напади.

На кабинетот на албанскиот претседател му беа потребни неколку часа да ја тргне пораката која ја прикачиле „црна безбедност“ од Македонија. На страницата на македонскиот претседател Црвенковски три дена стоеше пораката на косовско - албанската група хакери( www.president.gov.mk/owned.html).

Веб страниците на државните институции немаат централа за нивна заштита.

„Тоа е затоа што во минатото, сите министерства имаа некоја фирма којашто им ја обработуваше веб страницата, и после тоа ги одржуваа, и бидејќи нивните договори се уште се во тек, не сакавме да ги раскинеме договорите“, изјави Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

Хакерските упади во државните институции, иако се многубројни, до сега не направиле никакви штети. Главно на официјалните сајтови прикачуваат нивни пораки за да се промовираат. Во светот мета на хакерите се најчесто владини компјутерски системи.

Во март минатата година руски хакери извршија напад на компјутерите на американската централна команда на Пентагон, а минатиот месец хакерска шпионска мрежа презеде контрола во 103 држави.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Хакерски упад на сајтот на Претседателот! [04.05.2009]
• Интернет страниците на државните институции, лесна мета за хакерите [19.08.2008]
• Македонија нема заштита од хакерски напади [16.08.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk