Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Хакерски упад на сајтот на Претседателот!

Коментари (34)   
04.05.2009 13:42
Страните на владините институции се слабо заштитени
 

Веб страницата на претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, нападната од албанско-косовска група на хакери.

Штета не направиле, единствено ја искористиле слабоста на серверот за да се промовираат себеси во јавноста.

Така, цели три дена за време на првомајските празници, сите посетители што се обиделе да ја отворат страната www.president.gov.mk/owned.html, наместо податоци за активноста на Црвенковски, им се отворала нова страница со знакот на групата.

Од Кабинетот на се уште актуелниот претседател, велат дека тие не се единствената жртва на хакерската група. Истата содржина била забележана и на други сајтови што ги опслужува „Телеком“.

ИТ инженерите на А1 Телевизија, кои го открија овој упад, објаснуваат дека интернет страниците на владините институции во целост се многу слабо заштитени, па токму затоа ваквите случаи се чести.

Јасмин Латифовиќ, ИТ инженер во А1 ТВ
 

Според нив, поради енормната проширеност на интернет мрежата, откривањето на идентитетот на хакерите е речиси невозможно.

„Проблемот е што денеска постојат готови алатки со коишто може многу лесно, дури и некој почетник којшто не се разбира од програмирање, да се навлезе во некој туѓ сајт доколку тој не е добро заштитен од програмерски аспект“, изјави Јасмин Латифовиќ, ИТ инженер во А1 ТВ.

„Едноставно претежно хакерите, секаде во светот напаѓаат сајтови, напаѓаат сервери, меѓутоа не прават штети, едноставно даваат до знаење дека можат да влезат кога сакаат, успеваат да влезат на тие сервери“, додаде Латифовиќ.

Од Кабинетот на Црвенковски велат дека сајтот на Претседателот не е единствената жртва на оваа хакерска група. Таа сајтови со иста содржина прикачила и на други интернет страници кои ги опслужува „Телеком“.

Инаку, сајтот на Црвенковски беше мета и пред две години, но тогаш на бугарски хакери. Објавија текст на бугарски јазик насловен „Во единството е силата“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Интернет страниците на државните институции, лесна мета за хакерите [19.08.2008]
• Македонија нема заштита од хакерски напади [16.08.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk