Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

„Не сакаме скара, сакаме права“

Коментари (20)   
01.05.2009 16:34
Честа на Први мај ја бранеа младите и членовите на невладината Ленка
 

Празни јарболи, празни улици. Државата го заборави, работниците и невработените го празнуваа дома. Честа на Први мај ја бранеа младите и членовите на невладината Ленка.

„Не сакаме скара, сакаме права“, извикуваа собраните граѓани.

„Не се политичките партии само кланови. Членовите се во фабриките. Оваа сила е со Ленка. Они со анархија стигнаа до богатство, и со анархија ќе им го земеме“, изјави Савев Ангел

Стечајците и отпуштените биле изморени од голготата во транзицијата. Веќе немале ни што да и порачаат на власта.

Стечајците и отпуштените изморени од голготата во транзицијата
 

„Мојата парола е празна, бидејќи на стечајците и на технолошкиот вишок што се луѓето на улица, им е празна душата. Фабриките што беа изградени со нивни труд, и со нивна мака, ги ограбија, ги распродадоа и останавме на улица“, изјави учесник на протестот.

Спротивно од развиените земји, синдикатите во земјава одлучија да не протестираат - оти било светска криза.

Но, навредени се од односот на власта - не ставила знамиња и не им испратила честитки.

„Ние во нашиот синдикат расправавме, меѓутоа беше искажано мислењето на работниците кои се навистина уплашени за своите работи места. Работодавачите вршат се повеќе притисок врз нив да не се борат, да се откажуваат од синдикатите, и тоа е едно страшно движење кое постои во Македонија, а сите гледаат со скрстени раце“, вели Пеце Груевски од ССМ.

Се бараше поддршка со химната на Српското движење „Отпор“
 

Младите што собра храброст да излезат на протест мирно стоеја пред химната на интернационалата, а бараат поддршка со химната на српското движење „Отпор“.

„Наместо да се занимаваат со некои симболични проекти, ако сакаат да владеат толку долго колку што мислат дека сакаат да владеат, да ги решат правата и проблемите на овие луѓе тука, и на работниците, заради тоашто тие се најголемото гласачко тело во Македонија“, рече Миша Поповиќ, учесник во протестите.

Во Македонија има околу 600.000 вработени организирани во 3 синдикати. Нивниот глас, сепак, никаде го нема.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Судири меѓу полицијата и демонстраните низ светот [01.05.2009]
• Во Скопје се прослави Први мај [01.05.2009]
• 9-ти космополитски собир на Осогово [02.05.2004]
• Дојран со најголема посетеност во последниве 20 години [02.05.2004]
• Денот на работникот, без работници [01.05.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk