Жителите на Хром се против изградба на зграда
30.04.2009 15:38
 | | Соседите веќе еден месец се бунтуваат и ја оспоруваат градбата на зграда | | | |
Жителите на скопската населба Хром протестираат против изградба на 12 катна зграда во нивното маало. Луѓето тврдат дека инвеститорот не го почитува деталниот урбанистички план според кој ова е населба на ниски градби. Соседите веќе еден месец се бунтуваат и ја оспоруваат градбата на оваа зграда. „Некој се дрзнал за право да во нашава населба отпочне градба, згради, кои ќе значат 15-16 стана, 9 стана, ќе се наруши целата инфра-структура, ќе се оптератат сите инсталации, ќе се загрози животот“, изјави Љубиша Настовски, жител на населбата Хром. За овој проблем расправаа и на денешната седница на советеот на општина Ѓорче Петров. Советниците на општината со различни ставови. „Гледаме дека општинската администрација комплетно се ставила на страна на инвеститорот. Јасно е што ќе се случи со населбата Хром, доколку се овозможи ваква изградба од населба наменета за индивидуално живеење, ќе се претвори во населба за колективно живеење“, вели Горан Симоновски, советник. „Се уште не сме во фаза кога би можеле да кажеме дека некој е поврзан со дадениот предмет, за она што се бунат граѓаните, туку треба да го поставиме на дневен ред. Како прво комисијата за урбанизам да расправа за тоа и понатака да отвориме расправа во советот“, вели Александар Стојковски, советник За овој проблем допрва ќе одлучува комисијата за урбанизам и државниот градежен инспекторат.
| 1. | Petar од Centar на 30.04.2009 во 23:35 напиша: |
| Hrom!!! Prodolzete samo napred protiv urbanata mafija! |
| |
| 2. | saso од hrom на 01.05.2009 во 14:37 напиша: |
| dosta nie e od vakvi moknici(mafijasi), neka go zaobikolat najubavoto mesto za ziveenje vo skopje |
| |
|