Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонија да не паничи за свинскиот грип!

Коментари (14)   
26.04.2009 14:28
Османи: Ние и не увезуваме свежо свинско месо од овие земји
 

Свинскиот грип засега далеку од Македонија, но течат подготовките доколку се појави и овде. Министерот за здравство убедува да не се паничи.

По вонредната седница на Комисијата за заразни болести, договорени се низа мерки, пред се проверка на сите патници кои доаѓаат од американскиот континент.

„Засега нема препорака за забрана за патување во било која од овие места. Ние и не увезуваме свежо свинско месо од овие земји во коишто има појава на случаи, меѓутоа сепак таа мерка ќе биде предложена утре кога ќе се разгледаат сите податоци“, изјави Бујар Османи, министер за здравство.

Здравствените власти убедуваат дека ефикасно би одговориле на предизвиците. Веќе биле подготвени болнички простории за евентуална изолација на заболени од свински грип.

Обезбедена била и дијагностика, како и потребните лекарства. Имало и реагенси за откривање на опасната појава.

„Вакцина за овој тип на инфлуенца не постои, постои само вакцинација против сезонскиот грип“, рече Ѕвонко Миленковиќ, Комисија за заразни болести.

„Лабораториите во РЗЗЗ се спремни да докажам дали е тоа-тоа, или се работи за обичен сезонски грип, што е многу битно во определувањето на текот и на состојбите во РМ“, вели Азис Положани, РЗЗЗ.

„Се уште светот е во фаза 3, значи тоа е фаза кога има пренос од животно на човек, во овој случај од заболени свињи на човек, меѓутоа многу лимитирано и многу мал број случаи има за пренос од човек на човек. Има, меѓутоа многу лимитиран број“, изјави Јованка Костовска, Комисија за заразни болести.

Симптомите на свинскиот грип кај луѓето се слични со симптомите на обичен грип. Дополнително следат и нови мерки за заштита, зависно од ширењето на болеста во светски рамки.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Воведен карантин во Мексико [26.04.2009]
• Свински грип уби 62-ца во Мексико [25.04.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk