Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Свет  

За мажот секс секој четврти ден

Коментари (2)   
15.04.2009 21:06
 
 

Околу 300 Авганистанки во Кабул протестираа за правата на жената - демонстрациите ги задушија други илјада мажи - и жени. Ги гаѓаа со камења бидејќи демонстрантките го кренаа гласот против новиот закон за брак, што вели дека мажот може да бара сексуални односи од жената секој четврти ден, освен ако таа е болна и тоа може да и наштети.

„Ова е полошо од талибанскиот закон, се меша дури и во личните работи на жените и тврди дека жената треба да се потчини на желбите на мажот“, вели Алима, демонстрант.

Законот што критичарите го нарекуваат и брачно силување, регулира и кога и поради кои причини жена може да го напушти домот сама.

Конзервативните исламистички штрајк-брејкери извикнуваа „Смрт за слугите на христијаните“.

„Муслиманските жени имаат права што им се наведени во Куранот и во Исламот, а не права какви што им одредуваат други земји. Го прифаќаме овој закон по наша желба, а не затоа што го поставиле мажите во нашето општество“, вели Кудиса Феротан, поддржувач на законот.

 
 

Владата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи најави дека шиитскиот закон за семејството сепак ќе се ревидира и нема да се применува во актуелната форма.

Светот беше шокиран и од вчерашната егзекуција на двајца бегалци во Авганистан - девојче што било ветено на човек што не го сакало побегнало од дома со друг маж, со што го предизвикало бесот на Талибанците.

Во Саудиска Арабија, пак, го регулираат законот за брак на мали девојчиња. По контроверзниот случај кога 60-годишник зема за жена 8-годишно девојче, судот му наложи само да не го консумира бракот се додека девојчето не влезе во пубертет.

И додека Авганистан и Саудиска Арабија одат напред-назад, Пакистан дефинитивно се одлучи за назад. Под притисок на конзервативците претседателот Али Зардари потпиша уредба за воспоставување на исламскиот закон во долината Сват. Тоа е дел од договорот за прекин на талибанското насилство, кое во тој регион трае веќе 18 месеци.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Убиени 30 Талибанци во Авганистан [20.03.2009]
• Четворица НАТО војници загинаа во експлозија во Авганистан [15.03.2009]
• Москва ги обвини САД и НАТО за нарко трговијата од Авганистан [03.03.2009]
• 26 жртви во самоубиствени бомбашки напади во Кабул [11.02.2009]
• Бомбашки напад врз германската амбасада во Кабул [17.01.2009]

  Најнови вести од Свет 
• Чавез испрати војска на границата со Колумбија [31.07.2010]
• Обама бара од Иран да ги ослободи уапсените Американци [31.07.2010]
• 300 семејства евакуирани поради силни пожари во Калифорнија [31.07.2010]
• Загинати 30 лица во пожарите кои беснеат во Русија [31.07.2010]
• Комеморација за загинатите за време на „Парадата на љубовта“ [31.07.2010]
• Чесите со пасош на одмор во Хрватска [31.07.2010]
• Експлозија во кинески рудник - 17 загинати [31.07.2010]
• Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД [30.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk