Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Прекршочни за директорите поради несоодветно чување на компјутерите

Коментари (1)   
14.04.2009 16:07
Казни и за учениците кои ги уништувале компјутерите, или краделе делови од нив
 

Прекршочни и кривични пријави за директорите на средните училишта поради несоодветно чување и ракување со компјутерската опрема.

Ќе бидат казнети и учениците кои намерно или ненамерно ги уништувале компјутерите, или краделе делови од нив, најави министерот за образование.

Нема начин како да се сочуваат компјутерите, затоа штетата ќе ги плаќаат оние кои ја направиле.

„Сите оние училишта каде што е констатирано дека постои оштетување на компјутерската опрема, а притоа раководните структури во училиштето немаат преземено никакви мерки за да го спречат или превенираат тоа, или доколку веќе се случило да ги санкционираат сторителите, МОН преку Државниот просветен инспекторат и преку МВР веќе има преземено активности“, изјави Перо Стојановски, министер за образование и наука.

Перо Стојановски
 

Оштетените компјутери нема да влијаат врз екстерното оценување на учениците кое треба да започне во јуни.

Министерството за образование поставило рок до кога директори на средните училишта треба да ги оспособат компјутерите за работа. Овие компјутери се дел од програмата „компјутер за секое дете“.

Проектот беше најавен пред три години, но дури годинава се набавени сите. Од септември целиот материјал ќе се предава со помош на компјутерите.

Обуката на наставниците за предавање на наставната програма со компјутерите е во тек.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• ПМФ ги крши правилата во проектот „Компјутер за секое дете“ [06.03.2009]
• ФОН и ПМФ ќе вршат компјутерска обука [20.02.2009]
• Комисија ќе ги пребројува компјутерите во училиштата [17.11.2008]
• Ветените 100.000 компјутери уште не се во училишта [02.03.2008]
• „Компјутер за секое дете“ нема да заврши во март [24.01.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk