Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Костовски: Го оставам градот со подмирени сметки

Коментари (4)   
02.04.2009 16:09
Трифун Костовски
 

Го оставам градот Скопје со 8 милиони евра и подмирени сметки за сите тековни проекти. Ова го кажа Трифун Костовски пред советниците и директорите на јавните претпријатија на неговото последно обраќање како градоначалник.

Костовски изјави дека за време на неговиот мандат успеал да го вратил долгот од 10 милиони евра, сјајот на градските културни институции и да ја подобри работата на јавните претпријатија кои ги затекнал колабирани.

„Градот е денеска кредитно способен да влезе во инвестиција на капитални проекти и сакам да го охрабрам идниот градоначалник да не се плаши од предизвикот за голем проект, бидејќи оставаме пазар каде тој треба да продолжи“, вели Трифун Костовски.

Костовски посочи дека најголем негов проект изминативе 4 години не е булеварот „Словенија“, ниту клучките Континентал и Детелинка на Бит Пазар која е во завршна фаза.

За свој најголем успех смета дека е покренувањето на постапката за промена на законот за град Скопје.

„Градот Скопје, како секоја престолнина, мора да има своја автономност во функционирањето на работата“, вели Костовски.

На својот наследник, Костовски му порача да продолжи со ревитализација на Зоолошката градина и да го реализира проектот трамвај и жичарница до Милениумскиот крст на Водно преку Матка.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Хотел ќе никне на плоштадот Македонија [01.04.2009]
• Костовски ја тужи Димовска за клевета [27.03.2009]
• Петковски: Антикорупциска има двоен аршин [26.03.2009]
• Реновирање на училиштето „11 Октомври“ [24.03.2009]
• Пропадна тендерот за трамвај во Скопје [24.03.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk