Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Бајруш Сејдиу со насмевка седна на обвинителната клупа

Коментари (23)   
01.04.2009 16:45
Почна судењето на Бајруш Сејдиу
 

Со насмевка на лицето Тобако босот Бајруш Сејдиу седна на обвинителна клупа. Со 33-ца соработници обвинет е за злосторничко здружување, повреда на авторски права и Законот за акцизи.

Според обвинението, се товарат дека во период од неколку години фалсификувале цигари од најразлични брендови и дека Сејдиу не платил над 6 милиони евра за акцизи.

Во Судот 29-мина од притворот беа донесени под силно полициско обезбедување, нивните роднини не беа пуштени во салата која беше тесна дури и за учесниците во процесот.

Четворица од обвинетите се во бегство, а во судницата како обвинета и поранешната директорка на Управата за јавни приходи Петра Митева.

Одблокирала сметки на Кумановскиот тутунски комбинат и ја оштетила државата за близу 6 милиони евра.

Адвокатите на обвинетите сметаат дека целиот процес и акцијата Пепел е монтажа без валидни докази.

„Во конкретниот случај набрзина е завршена истрагата, а фактички е продолжена и еве сега нови докази се вадат од истрагата само вештачки да се создадат услови да се продолжи на некој начин притворот пред обвинетите. Тоа се е монтажа која комплетно ќе се разоткрие во текот на претресот“, изјави Мартин Мартиновски, адвокат.

Судот одби директорот на Жито-мел да назначи втор потписник на сметката за вработените да можат да земаат плата.

Следната недела, за кога е закажано судењето, треба исказ да даде Бајруш Сејдиу. Тој беше уапсен во октомври лани откако полицијата шест месеци постојано го следеше.

Неговото богатство е проценето на милиони евра, сопственик е на фабрики, мотел, фудбалски клуб. Неговите вработени неколкупати протестираа Сејдиу да биде пуштен од притвор, бидејќи за нив тој е добар работодавец.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Адвокатите на Сејдиу ги маргинализирал Судот [20.02.2009]
• Бизнисот на Сејдиу до Африка [25.11.2008]
• СДСМ бара политичка одговорност од Јанкуловска [19.11.2008]
• Во Куманово запленети уште цигари на Сејдиу [11.11.2008]
• Шутка не го пушти Сејдиу на судење во Куманово [07.11.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk