Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Рикер бара фер избори од кандидатите за градоначалник на Охрид

Коментари (0)   
30.03.2009 20:09
Американскиот амбасадор Филип Рикер на средба со Петрески и Трендафилов во Охрид
 

Американскиот амбасадор во македонија Филип Рикер ги повика на фер и демократска избори без инциденти кандидатите за градоначалници на Охрид.

Ги пофали за првиот круг и изрази оптимизам дека и в недела ќе биде мирно зашто тоа е од исклучителна важност за Македонија.

„Имавме добар прв изборен круг и сакаме тоа да се повтори и во вториот, за доброто на целата земја. Тоа е важно за вашата репутација, но е уште поважно за секој граѓанин да почувствува дека има прилика да го избере лидерот кој ќе ги застапува неговите интереси на локално и на државно ниво. Тоа сакаме да го видиме и во вториот изборен круг. Затоа, ги охрабрувам сите жители да излезат и да гласаат. Да земат учество во демократијата и да излезат на гласање на 5 април“, изјави Рикер.

Кандидатот на опозицијата Александар Петрески повтори обвини дека полицијата агитира во полза на кандидатот на власта и обвини за тортура врз граѓаните.

„Јас побарав и министерката за внатрешни работи да ја пуштат негде Брисел, ваму-таму, да го напушти Охрид, едноставно да и дадат некоја задача. Исто така побарав инспекциите кои ги малтретираат фирмите, компаниите, продавниците, два автобуси инспекции што се дојдени во Охрид да го напуштат Охрид и да дојдат в понеделник“, изјави Александар Петрески.

Неговиот противкандидат рече дека изборите мора да се фер и демократски, без разлика кој ќе биде градоначалник.

Државата ги користи сите нејзини ресурси за да се избегнат сите нерегуларностите, оцени Трендафилов.

„Беше многу корисна оваа средба, ја имавме и пред првиот круг, очигледно ефекти си има таа работа, државата максимално си ги има ангажирано сите нејзини ресурси за да можеме да обезбедиме регуларни избори, да се спречат сите нерегуларности, односно превентивно да се делува“, изјави Кирил Трендафилов.

Во Охрид ќе се води една од најнеизвесните битки на гласањето в недела.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Груевски ги кани утре на средба партиските лидери [30.03.2009]
• Нема да гласаат речиси половина од граѓаните [29.03.2009]
• Експерт на ЦИА обвинува за гласачки геноцид во Македонија [28.03.2009]
• Заострена меѓупартиска реторика [28.03.2009]
• Кандидатите за градоначалник на Скопје со набиена агенда [28.03.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk