Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Насилство и повредени на протестот во Скопје

Коментари (364)   
28.03.2009 12:58
 
 

Масовна тепачка сред скопскиот плоштад. Студентите од архитектонскиот факултет со сила беа спречени мирно да го изразат својот став против верски објект на плоштадот.

Политичката дебата за црквата се претвори во делење шлаканици и клоци за сите што мислат поинаку.

Најавениот мирен собир на студентите на пладне беше спречен од ненајавеното појавување на стотици граѓани како контра група која се бори за изградба на храм на плоштадот. Им се приклучи и друга група која дојде преку камениот мост.

Се појавија еден час пред закажаниот термин на студентите, кои токму тука требаше да имаат собир наречен „Прво архитектонско востание“. Студентите се повлекоа кај камениот мост, но групата која сакаше храм тргна кон нив. Од неколку метри почнаа со навреди а потоа и тргнаа во напад.

 
 

Полицијата немоќно и млако го следеше целиот инцидент. Дури некои од полицајците се расправаа со нападнатите студенти. Ги прашуваа зашто не се повлечат?

Во целата збрка имаше и такви што изигруваа новинари, собирајќи изјави од студентите. Навредите продолжија и по тепачката.

Во полицијата нема пријави за посериозни инциденти ниту за физички повреди. По завршувањето на собирот тројца пријавиле физички напад и две малтретирања со туркање и влечење. Се најавуваат и пријави за организаторот на протестот односно студентите зашто немале редарска служба. За другите не, зашто спонтано се собрале.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Уставниот даде амин за црква на плоштад [26.02.2009]
• Костовски: Нема референдум за Малиот ринг [13.01.2009]
• Костовски: Референдум ќе одлучи за изградбата на црквата [10.07.2008]
• Црквата на плоштадот „Македонија“ ќе се гради [09.07.2008]
• Поделени стручни мислења за изградба на црквата [20.06.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk