Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Светските медиуми со позитивни оценки за изборите

Коментари (6)   
23.03.2009 12:03
Конечната одлука за новиот македонски претседател на 5 април
 

Претседателските избори во Македонија кои се клучен тест за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО, поминаа мирно и без насилство, е генералната оценка на странските медиуми за вчерашниот изборен процес.

„Би-Би-Си“ во информацијата за изборите објавена како прва вест на нејзиниот веб-сајт за Европа, наведува дека гласањето минало без инциденти, дури и во областите во северозападна Македонија, каде што на минатогодишните вонредни парламентарни избори беа регистрирани насилства.

„Дојче веле“ констатира дека првиот круг од изборите минал мирно и оти конечната одлука кој ќе биде новиот македонски претседател ќе треба да се донесе во вториот круг на 5 април.

Мирните претседателски и локални избори беа во контраст со насилството што се случи на минатогодишните парламентарни, кои се заканија да го забават процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, објави „Ројтерс“.

Резултатот што се очекува од изборите во Македонија, пишува рускиот весник „Комерсант“, не е само кој ќе биде новиот претседател, туку и како ќе помине гласањето, од кое во голема мера зависи членството на земјата во ЕУ и НАТО.

Грчкиот весник „Елефтерос типос“ коментира дека премиерот Никола Груевски на изборите постигнал две цели - победа во првиот круг на неговиот претседателски кандидат Ѓорге Иванов и исполнување на критериумот за мирни избори без насилство. Весникот оценува дека по вчерашните избори со сигурност ќе се засили политичката моќ на Груевски.

Грчката национална телевизија ЕРТ, пак, оценува дека не се очекуваат големи политички промени во Скопје по изборите со оглед на ограничената улога што ја има претседателот во надворешната политика.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Тачи: Изборите коректни, но не и фер [23.03.2009]
• СДСМ: Победа во Струмица, Куманово, Вранештица и Дебарца [23.03.2009]
• Груевски: Победивме во 23 општини [23.03.2009]
• Води Иванов, Фрчкоски втор, трет Бошковски [23.03.2009]
• СДСМ: Заев ја порази Бонева во прв круг [22.03.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk