Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Удбаши го демолирале возилото на Мојсеј Трајковски

Коментари (72)   
06.03.2009 17:23
 
 

Демолиран и уништен е автомобилот „Форд Фиеста” на Мојсеј Трајковски, брат на загинатиот претседател Борис Трајковски.

Изутрината околу шест часот го нашол во градскиот парк, во близина на споменикот на неговиот покоен брат.

Тој тврди дека тоа се случило по конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека е дело на поранешни удбаши и Косовци кои работеле за актуелната власт во Струмица.

„Кога излеговме од Домот на културата, видовме на 6-7 места поранешни удебевци и Косовци кои што работат за актуелната власт во Струмица и тоа за целата мафија и за се што се случува во овој град. Знам дека тие го направија тоа”, рече Мојсеј Трајковски.

За Мојсеј ова е знак за тортура и заплашување, но тоа немало да ги исплаши и да го уништи демократскиот дух во нив.

 
 

„Не може животот да ни се земе, а и да ни се земе, ние сме сведоци за мојот брат колку сега сите го фалат”, додаде Трајковски.

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев беше изненаден од обвинувањата и ги отфрли како несериозни.

„Позитивноста на локалната самоуправа кон покојниот претседател Борис Трајковски и кон неговото цело семејство многупати досега е недвосмислено докажана и затоа ги сметам ваквите обвинувања за многу несериозни. Стојам на располагање за расчистување на случајот, како што и досега сум бил на располагање на семејството Трајковски”, рече Заев.

Според полицијата, возилото од дворот на Трајковски, најверојатно било земено и демолирано синоќа меѓу 20 и 24 часот. Се уште трагале по сторителите.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk