Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

ПМФ ги крши правилата во проектот „Компјутер за секое дете“

Коментари (5)   
06.03.2009 15:46
Оливер Зајков - продекан ПМФ
 

Наместо со 20 обучувачи со кои конкурирале за реализација на проектот Едубунту, ПМФ до сите средни училишта испратиле список со уште 70 нови професори.

Во дополнителната и проширена листа пишува дека е одобрено од Бирото за развој на образованието. Но, од Бирото велат дека таква дозвола тие не дале и дека ПМФ ги прекршил правилата.

Од ПМФ, пак, се правдаат дека постапиле согласно правилата на тендерот, според кој можело да се дополни листата на обучувачи, но не одговараат на прашањето зошто на проширената листа заверена и потпишана од деканот стои дека е одобрена од Бирото.

„Ние прво извршивме консултација со Бирото и врз основа на таа консултација и на онаа точка 6 од повикот, реагиравме и го испративме дополнителниот список“, изјави Оливер Зајков, продекан на ПМФ.

„Компјутер за секое дете“ со прекршени правила
 

Случајот е пријавен и во Државниот просветен инспекторат. Просветните инспектори велат дека бројот и квалитетот на обучувачите кои ги понудиле понудувачите на јавниот оглас се конечни и непроменливи.

До ПМФ испратиле допис со кој бараат да ја повлечат од сите средни училишта листата со новите 70 обучувачи која е неважечка, но и да ги известат директорите дека обуката ќе ја извршуваат со 20-те професори за кои имаат одобрение од страна на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.

Обуката на наставниците од средните училишта како наставната програма да ја предаваат со помош на компјутери, започна на почетокот на овој месец. Со тоа, всушност, треба да започне реализацијата на проектот „Компјутер за секое дете“.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• ФОН и ПМФ ќе вршат компјутерска обука [20.02.2009]
• Комисија ќе ги пребројува компјутерите во училиштата [17.11.2008]
• Ветените 100.000 компјутери уште не се во училишта [02.03.2008]
• „Компјутер за секое дете“ нема да заврши во март [24.01.2008]
• Потпишан договорот за компјутери во училиштата [31.08.2007]

  Најнови вести од Македонија 
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk