Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонија ќе се претвори во пустина

Коментари (24)   
04.03.2009 10:23
Засега има доволно вода, но не во цела Македонија
 

Македонија за помалку од четириесет години ќе стане пустина, предупредуват експертите од областа на водите. Главна причина за ваквите прогнози се глобалното затоплување, намалените врнежи, ерозијата на почвата и негрижата кон водените ресурси и акумулациите што се изградени во земјава.

Весникот „Дневник“ како ударна вест денеска објавува истражување на експертите, според кое Македонија просечно има врнежи од 720 милиметри на квадратен метар.

Овие количини на врнежи теоретски се доволни за обновување на водните ресурси, но проблемот е што тие не се правилно распоредени просторно и временски.

Просторно, поголем дел од врнежите се на повисока надморска височина како Лазарополе, Попова Шапка, Маврово, додека во рамнините, во кои се најпотребни врнежите, количеството се движи околу 400 милиметри на квадратен метар, што е апсолутно недоволно, се вели во истражувањето.

„До 2050 година Македонија ќе стане пустина ако нашиот народ не почне да се бори со тоа,“ вели Ордан Чукалиев, декан на Факултетот за земјоделство и храна.

Според него, треба да се сменат навиките на луѓето, а земјоделците, треба да се навикнат на рационално наводнување со современи системи како „капка по капка“.

Нашиот народ има погрешен пристап во односот кон природните богатства. Уште на самиот почеток на образованието децата се учат дека Македонија е богата со вода и секој тргнува од тоа, смета Чукалиев.

Според него, засега има доволно вода, но не во цела Македонија. На пример, во Струмица и во околината нема доволно вода не само за пиење туку и за индустријата и за наводнување.

Во Скопје, пак, има пример што го нема никаде. Со вода за пиење се полеваат тревници, се наводнуваат градини и се перат автомобили.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk