Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Алфите тепале Роми во Битола

Коментари (38)   
25.02.2009 19:55
 
 

Над 200 Роми од битолската населба Баир денеска жестоко протестираа пред општинската зграда и пред битолска полиција.

Тие се жалат дека патрола од полициската единица Алфи околу пладне со голема брзина се движела по баирските сокаци и за малку ќе настрадало едно дете.

Откако тие изреагирале, полицајците излегле од возилото и започнале да ги тепаат мажи и жени и деца, а потоа пристигнале уште две полициски патроли и ќотек добиле околу 40 Роми.

„Од продавница одам, мава со клоци, со тупаници мава, не влечка за коса. Пиштоли... што сме ние?“, вели Мирет Ахметова.

„Зема со пиштолот ја удри назад сестра ми. А мене ми го впери пиштолот и ми вика ако мрднеш, ќе те легнам. Јас му викам пукај бе, пукај“, вели Един Велиоски.

 
 

Во битолската полиција велат дека Ромите ги спречиле Алфите во акција за приведување дилер на дрога и со помош на дополнителни полициски сили и предупредувачки истрели толпата ја растуриле, а повредени се четири полицајци.

„Откако полициските службеници не успеаја да ја разбие толпата којашто се нафрли на нив, дури помогнати од една интервентна група, при што четворица од полицајците беа и повредени, преземени беа соодветни мерки на предупредување по што, а по пристигнувањето на втората група за интервенција, толпата се растргна“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Бидејќи се приведени и задржани на сослушување пет лица, Ромите продолжија со протестите.

Во меѓувреме, полицијата по неуспешната пладневна акција, се уште трага по баирскиот дилер на дрога кој е во бегство.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• ОНА се заканува со враќање на сценариото од 2001. [23.12.2008]
• Во притвор напаѓачите на Алфите кај ПМФ [21.12.2008]
• 18 приведени заради убиството пред ПМФ [20.12.2008]
• Одмазда - главен мотив за нападот врз Алфите [02.12.2008]
• Реконструкција на нападот на Алфите кај ПМФ [01.12.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk