Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Груевски: Компромис „ДА“, но не по секоја цена

Коментари (71)   
20.02.2009 14:19
Груевски: Апсурдно е цената за влез во ЕУ да стане нешто што е спротивно на европските вредности
 

Ние и досега знаевме дека Грција не сака да преговара, но со изјавата на Бакојани која беше објавена вчера, картите се целосно отворени, изјави македонскиот премиер во Охрид, по објавениот говор на грчката министерка во кој се вели дека грчката одлука за вето е донесена пред две години.

Груевски не бара извинување од тие што не верувале во владините анализи дека Грција само глуми преговори. Од опозицијата побара да не се води дебата кој е крив кој е прав, туку постигнување на единство при спроведување на идните чекори во врска со спорот за името.

Единство со кое земјата полесно ќе одговори на грчката стратегија.

„Ние не можеме да се откажеме од нашите цели за членство во НАТО во ЕУ, за понатамошни реформи, ние мора да продолжиме да се бориме, но не смееме тоа да го направиме на наша штета, расправајќи се еден со друг кој е подеструктивен, кој требало повеќе да попушти, помалку да попушти, ваква ли треба стратегија, таква ли треба, треба заеднички да се седне и понатаму да се размисли како да се остварат нашите цели“, изјави Никола Груевски.

Грчката амбасада во Скопје демантира дека Бакојани признала оти одлуката за вето за Македонија била донесена летото 2007. И покрај тоа што на оригиналниот документ од говорот на Бакојани во институтот „Константин Караманлис“ објавен на вебсајтот на грчкото МНР, јасно стори дека грчката влада за вето се одлучила долго пред самитот на НАТО . Грчката страна тврди дека таква изјава воопшто не се случила.

Според соопштението на грчката амбасада во Скопје, коментарите на македонското Министерство за надворешни работи, се арбитрарни интерпретации на грчките позиции кон Македонија. Од таму се надеваат дека истите немаа за цел уште еднаш намерно да создадат погрешна слика.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Бакојани призна - грчкото вето договорено една година пред самитот [19.02.2009]
• Прво Македонија, па потоа МК [18.02.2009]
• Грција негира дека побарала прекин на преговорите [18.02.2009]
• Македонците и Албанците со различни мислења [17.02.2009]
• Иванов: По изборите засилена активност во преговорите со Грција [17.02.2009]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk