Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Штрајк на стечајците пред Владата

Коментари (13)   
18.02.2009 18:55
Протест на стечајците и оние кои се технолошки вишок
 

Стечајци и работници кои како технолошки вишок останаа без работа денеска протестираа пред Владата.

Тие од државата бараат да им го реши статусот, да им исплаќа месечен надомест во висина од 6.000 денари или да им дозволи предвремено пензионирање.

„Сите ние тука сме амортизирани луѓе со 60 и преку 60 години, што не сме продуктивни и не не сака никој за работа“, вели еден господин.

„Технолошки вишок, ни ги затворија фабриките, немаме пари, торбата ја земам и питам сега, до питачки стап не донесоа, каде да одиме“, додава една госпоѓа.

„41 година стаж имам, старост 60 години, значи треба да чекам јас уште 4 години“, се жали еден господин.

Според пресметките на ССМ за овие луѓе Владата треба да одвои 30 милиони евра.

Драги Јовановски
 

„Нашето барање е јасно, решавање на статусот на стечајните работници, решавање на статусот на оние луѓе кои имаат 40 години работен стаж, тоа никаде во светот го нема, и оние работници кои биле технолошки вишок да си примаат од Заводот надомест во вредност од 100 евра“, изјави Драги Јовановски, ССМ.

Во меѓувреме, протестираат и работниците од неколку фирми кои одлучија да го скусат бројот на вработени поради кризата.

„Тоа се краткотрајни флуктации, конјуктивни движења на светскиот пазар, кои со заздравување на светската економија ќе бидат надминати и тие периоди на отпуштање од работа или периоди на неможност да се задржи работното место, ќе траат што пократко. Владата со сите можни средства, инструменти, мерки за помош и на претпријатијата на бизнисите и за помош на лицата што остануваат без работа, ќе продолжи и понатаму да делува“, изјави Трајко Славевски, министер за финансии.

И стечајците и отпуштените работници најавуваат порадикални мерки доколку не се решат нивните проблеми.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Стечајците со шаторите пред Влада и пред Собрание [11.11.2008]
• Стечајците ги тргнаа шаторите од Жена-парк [26.07.2008]
• Донесен Законот за стечајците [14.07.2008]
• Нова категорија стечајци бараат да се реши и нивниот статус [27.05.2008]
• Шеќеринска: Договорот со стечајците е да се спаси рејтингот на ДПМНЕ [25.05.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Почна 18-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“ [09.09.2010]
• Практичната настава за студентите станува задолжителна [09.09.2010]
• Македонски војници во европска борбена група [09.09.2010]
• Што да очекуваме во ноември од Европската комисија? [09.09.2010]
• Честитка на премиерот и претседателот за Рамазан Бајрам [09.09.2010]
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk