Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Спектакуларни апсења во операцијата „Велес“

Коментари (121)   
17.02.2009 13:10
Уапсените се главни организатори на таканаречената „Франкфурт мафија“
 

Петмина велешани се уапсени во спектакуларна акција која утрово ја спроведе полицијата. Ги сомничи дека се главни организатори на таканаречената „Франкфурт мафија“, голем синџир на трговија со дрога во Германија и Австрија.

Полицијата соопшти дека кај М.З., викан Скршениот, Ј.Ј. - 'Ркулот, К.Г. со прекар Зајакот, Т.Ј. - Црното и Ќ.Б., пронашла дрога, пари, пиштоли и пушки без дозвола, документи за трансфер на поголема сума пари, а им одзела скапи автомобили и џипови.

Акцијата подолго време ја подготвувале македонската, германската и австриската полиција. Очевидци раскажуваат дека дел од полицајците кои учествувале во утринските апсења зборувале германски.

„Вредноста на хероинот што оваа криминална група го пуштила во промет низ Австрија, според проценките на австриската полиција, изнесува помеѓу еден милион и 100 илјади и еден милион и 500 илјади евра“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Акцијата подолго време ја подготвувале македонската, германската и австриската полиција
 

Акцијата се случува неполн месец, откако во Виена беше уапсена шестчлена група велешани, која продавала дрога низ улиците на австриската метропола.

Во Велес веќе подолго време се зборува за „Франкфурт мафија“, луѓе десетина години регрутирале стотици млади велешани да продаваат дрога во Германија и Австрија.

Веста за денешните апсења на нарко босовите веднаш се рашири меѓу граѓаните. Дел од нив се згрозени од начинот со кои младите доаѓаат до заработувачка. Но, има и такви кои ги оправдуваат.

„Па, ако немале друг излез луѓето, фамилии имаат. Не е оправдување што го наоѓаат нелегалниот пат на заработување на пари. Најнеубаво што убиваат млади детски животи, најостра осуда и под итно да се најдат и да се осудат“, рекоа велешани.

Сиромаштијата и искривените морални вредности се причина што младите луѓе се одлучуваат на ваков чекор, смета социологот Љупчо Лучков.

„Единствено решение за Велес е поголемата посветеност од структурите на системот во однос на обезбедувањето на основни средства за егзистенција кај луѓето“, рече Љупчо Лучков, социолог.

Полицијата најави дека акцијата ќе продолжи, а петмината уапсени денеска треба да бидат однесени кај истражен судија, по што ќе се знае дали ќе бидат притворени.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Јанкулоска: Продолжува операцијата „Велес“ [20.01.2009]
• Велешани продавале дрога во Виена и регрутирале дилери [16.01.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk