Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

МПЦ и ИВЗ изненадени од одлуката на уставните судии

Коментари (10)   
12.02.2009 18:10
Ратомир Гроздановски
 

Македонската православна црква и Исламската верска заедница изненадени од одлуката на Уставниот суд повторно да ја разгледува веронауката и да ја оценува уставноста за нејзино изучување во основното образование.

Потегот на ЛДП за оспорување на веронауката пред Уставниот суд ја оценуваат како обид за навраќање кон одамна изумрена идеологија.

Со идентичен став се дека веронауката за учениците во петто одделение е смислена истата да претставува надоградување на образованието и проширување на нивните знаења и никако не може да го загрози секуларизмот.

„Веронауката е потреба затоа што не само од својата вера ќе научат децата по нешто, туку ќе научат и за другите вери. Децата ќе се запознаат себеси, но ќе ги запознаат и другите, па така ќе можат полесно да живеат заедно кога се познаваат, да не живеат во страв од незнаењето“, изјави Ратомир Гроздановски, професор на Богословскиот факултет.

Јакуп Селимовски
 

„Вака како што се поставува секуларизмот, практично некој сака да изврши висок степен на идеолошко-атеистичко определување на нашава општествена заедница во моменти на плурален политички систем“, изјави Јакуп Селимовски од ИВЗ.

Дел од експертската јавност смета дека најдобра варијанта би била изучувањето на историја на религии со оглед дека Македонија е мултинационална и мултиконфесионална држава, односно запознавање со главните религии, потенцирање на заедничките вредности и толеранција кон различностите.

Сепак, последниот збор го има Уставниот суд.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Изучувањето историја на религии е најдобра опција [11.02.2009]
• Дали веронауката ќе биде укината? [11.02.2009]
• Средните верски училишта ќе станат државни [29.01.2009]
• Веронауката интересна за децата [21.12.2008]
• СДСМ бара укинување на веронауката во училиштата [30.10.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Практичната настава за студентите станува задолжителна [09.09.2010]
• Македонски војници во европска борбена група [09.09.2010]
• Што да очекуваме во ноември од Европската комисија [09.09.2010]
• Честитка на премиерот и претседателот за Рамазан Бајрам [09.09.2010]
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk