Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонските студенти задржани во Белгија бидејќи немале бугарски визи

Коментари (21)   
03.02.2009 15:34
Студентите се враќаа од Брисел каде протестираа за укинување на визите
 

Македонските студенти кои во Брисел бараа укинување на визниот режим биле задржани на аеродром во Белгија и не им дозволувале да летаат за Софија бидејќи немале бугарски визи во пасошите.

„Со Мики бевме буквално третирано како да сме терористи, односно опасност, не само за Белгија, туку и за Бугарија, затоа што имавме Шенген визи коишто се годишни и во Белгија не беа информирани дека токму со тие визи ние можеме транзит да патуваме во Бугарија“, вели Ивана Дамовска, координатор на проектот „Виза - нема шанса“.

Откако белгиските власти после два часа ги пуштиле, тие преку Софија се вратиле во Скопје. Сега бараат од политичките партии да не ги злоупотребуваат за нивни цели, и велат задоволни се како поминале протестите.

„Ние се држевме до тие стандарди, да не скандираме постојано, да не кажуваме некои погрдни зборови за некоја земја, посебно од ЕУ“, изјави Мики Трајковски, координатор на проектот „Виза - нема шанса“.

Во Брисел ги пречекале словенечки и други европратеници, како и шефот на кабинетот на еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Речиси сите ја потенцирале важноста на претстојните избори за укинување на визниот режим, и кажале дека кон крајот на мај, европските институции ќе се изјаснат дали Македонија ги исполнува условите за патување без визи.

Акцијата „Виза - нема шанса“ ќе продолжи со нови активности за месец дена.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Барањата на македонските студенти за укинување на визите предадени во Брисел [27.01.2009]
• Втор ден протести на студентите во Брисел [23.01.2009]
• Македонските студенти протестираа во Брисел [22.01.2009]
• Започна оценувањето на ЕК за визна либерализација [19.01.2009]
• Контрола за подготвеноста на Македонија за визна либерализација [17.01.2009]

  Дополнителни информации 
• МНР: Правила за престој во шенген зоната [23.12.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk