Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Чија е идејата „Господ“ да дојде во Македонија?

Маја Јовановска Коментари (50)   
22.01.2009 18:48
 
 

Македонската молитва доби добри оценки од црквата. Од првото гледање денеска таа предизвика емоции за македонската неправда.

Откако 9 минути внимателно ги изгледавме пораките кои господ лично ни ги пренесува, Протојерејот Коста Станоевски вака ја доживеја молитвата која во името на сите Македонци ја емитуваше македонската телевизија.

„Ја чувствувам болката на нашите предци, поаѓајки уште од Александар Македонски па до денес, поготово денешната болка можеби е посилна затоа што често еве се случува, секогаш сме онеправдани пред многу институции во светот и Европа, и на тој начин оваа молитва која е дадена, всушност представува бол кон вечноста“, изјави Коста Станоевски, протереј.

Но, во ниту една божја молитва маките и солзите не се мешаат со политика. А во нашата Господ не прекорува дека досега не сме знаеле да ја докажеме вистината, но тој е меѓу нас зошто токму сега бил вистинскиот момент.

Првите луѓе на МРТВ се кријат. Не сакаат да одговорат чија идеја е Господ да дојде во Македонија? И историчарите решија да молчат. Оние кои секогаш се подготвени да зборуваат, за македонската молитва се воздржани. Но, затоа најгласни се граѓаните. Најголем дел исплашени и вчудоневидени и во овие инсерти прочитаа политика, а ретки се оние кои виделе најискрена намера.

Никола од Охрид напишал:

Не знам зошто овие таканаречени чувари на Македонија и на христијанската религија не сфаќаат, дека едно е да си патриот и верник... но друго е да си нацист!

За Албан од Скопје на граница на лудило била дрскоста и вулгарноста на авторот да дозволи зборови на обичен смртник да се воздигнат во светост божја.

Слободан се чуди на реакциите на другите. Зошто кога Англичаните, Французите и Грците кажуваат дека тие се зачетник на белата раса, зошто да не веруваме дека можеби ние сме првата нација на овој свет.

Некој се охрабри своето мислење и јавно да го каже.

„Мислам дека мора да се осмелиме да кажеме, а Македонија мора да слушне, дека намерата е да се произведе и предизвика една длабока криза во нашиот национален идентитет“, изјави Бранко Геровски, новинар.

Гласот на Господ повеќе не го слушаме. Македонската телевизија престана да ја емитува молитвата. Не добивме одговор дали молитвата можеби е услишана или веќе е на пат накај Советот за радиодифузија.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Господ на МТВ [21.01.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Не можевме ниту со Ерменија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk