Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Изборите на 22 март без електронско гласање

Елизабета Галевска Коментари (34)   
09.01.2009 13:24
Груевски: Ја прифативме сугестијата на СДСМ претстојните избори да бидат без електронско гласање
 

За лидерската четворка 22 март е прифатлив како најдобар датум за одржување на претседателските и локалните избори. Но, на нив сепак нема да се примени пилот проектот за електронско гласање, кој според власта бил сугериран од страна на меѓународната заедница во функција на елиминирање на изборните инциденти.

За опозицијата ова е скап процес кој во наши услови не дава резултати и во моментов е предоцна за негова имплементација.

„За да не се ризикува да се направи некоја грешка, а понатаму да го разгледаме како можност. Најдоа дека во некои земји имало проблеми со електронското гласање, така што, бидејќи главната опозициона партија не е подготвена во овој момент за такво нешто, ние одлучивме да го прифатиме нејзиното мислење“, изјави Никола Груевски, премиер.

Освен за датумот на изборите лидерите денеска договорија многу брзо да се формира комисијата за лустрација со ротирачко претседателство на секои шест месеци, а првиот да биде од опозицијата.

Лустрациската комисија ќе треба да ја провери валидноста на дадените изјави на сите кандидати на изборите, дека не биле соработници на тајните служби.

На денешната средба било договорено наскоро да се формира Комисијата за лустрација
 

Сепак, опозицијата инсистира на одржување на повеќе лидерски средби за да се обезбедат фер избори, и да се надминат разликите меѓу партиите на албанците.

Според ве-де лидерот на СДСМ Заев, Ахмети и Тачи на денешната средба се конфронтирале во однос на судските спорови околу инцидентите на последните избори.

„Се навлезе во материја која што дефинитивно не ни дава на знаење дека албанскиот политички фактор во државата, без разлика дали е сега во позиција или опозиција ни дава до знаење дека се подготвени за фер и демократски избори“, рече Зоран Заев, в.д претседател на СДСМ.

„Како на пример директорот на Македонски железници, неколку пратеници, ни еден од тие случаеви не се процесуирани“, вели Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Лидерот на ДПА изјави дека на средбата побарал ова да биде последна за теми што ги отворала власта.

Заев: Доколку сакаме избори во најдобар ред, ни останува да одржиме многу средби
 

За разлика од Тачи кој лидерската ја оквалификува како едвај успешна и се закани дека истекло времето за нивна толеранција, критикувајќи ја власта дека го крши законот за амнестија, не го спроведува Охридскиот договор и ги блокира евроинтеграциските процеси, за ДУИ на денешната средба е постигнат значаен напредок.

„На претседателски избори ќе одиме спремни, подготвени и да го поправиме тоа што 1 јуни 2008. ни нанесе голема штета“, изјави Џеват Адеми од ДУИ.

Веднаш по распишување на изборите, владата иако не е обврзана со закон, како што изјави премиерот Груевски ќе ги прекине сите кампањи во медиумите.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Електронско гласање - тема на утрешната лидерска средба [08.01.2009]
• Груевски свика лидерска средба за в петок [07.01.2009]
• Груевски верува во одлични избори [03.01.2009]
• ДИК ќе казнува за предвремено започната кампања [30.12.2008]
• СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги промовира нашите кандидати [28.12.2008]

  Дополнителни информации 
• Сите претседатели на Република Македонија [11.05.2009]
• Петти локални избори во Македонија [20.03.2009]
• Македонија на 22 март по четврти пат избира претседател [27.02.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk