Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Антиката ја подели научната јавност

Горан Момировски Коментари (35)   
05.01.2009 19:56
Денко Малевски
 

Одлуката на македонската Влада да го именува коридорот 10 по најголемиот освојувач во историјата на светот, а Градскиот стадион во Скопје по неговиот татко Филип Македонски, предизвика дебата за исправноста на користењето на античката историја во пресрет на продолжување на преговорите за името и почетокот на процесот против Грција пред судот на правдата во Хаг.

Професорот Денко Малевски, првиот министер за надворешни работи на независна Македонија смета дека античките симболи нема дополнително да ги закочат преговорите затоа што тие се веќе блокирани. „Античките Грци велеле дека се што е претерано не чини. Ако ние го претеруваме со ова, ако ние не воспоставиме една рамнотежа, еден баланс во толкувањето на нашата историја, во која што ќе има место за повеќе слоеви, а не за ова што сега го правиме, тогаш ќе имаме еден сериозен проблем“, вели Малевски.

За еден од водечките археолози во регионот, професорот Драган Митревски, на Македонија никој не може да го одземе право го користи античкото наследство. Нонсенс е само македонија да не може да поставуваа споменици на Алескандар и Филип, и да ги користат нивните имиња кога тоа го прават дваесетина земји од целиот свет.

„Треба дебело објаснување зошто би тие имале ексклузивно право на сите термини, на се што е извлечено од античко наследство на една таква империја каква што била Македонската империја, бидејќи таа по својот карактер е космополитска. Таа е интернационална и се што е извлечено од тоа, не може никако поинаку, освен како интернационален поим“, рече Драган Митревски.

Политичкиот аналитичар Суад Мисини, во интервју за А1 изјави дека со ваквата одлука владата ја загрозува можноста за успешни преговори.

„Тоа така симболично го гледам. Бетонирање позиција на Владата дека ние ќе продолжиме со антиквизација на македонското општество, и дека ќе дадеме уште повеќе поводи да си ги блокираме сопствените стази во преговорите“, вели Месини.

Разгледувајќи ги можностите за контра удар, грчката влада неформално побарала од Бугарија да го забрани користењето на ѕвездата од Вергина на знамето на партијата ОМО-Илинден Пирин.

Според најавите од Атина, користењето на античките симболи од страна на Македонија, би можело да биде едно од централните прашања во одбранбената тактика на владата во Атина пред судот во Хаг.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Мисини: Треба да се испратат соодветни сигнали до Грција [04.01.2009]
• Тужба од Грција за Македонија поради користење на ѕвездата од Вергина [28.12.2008]
• Црвенковски: Географска одредница е фер решение за името [25.12.2008]
• Не е спорна употребата на името Република Македонија [24.12.2008]
• Црвенковски и амбасадорите разговараа за името [23.12.2008]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk