Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Со археолошки истражувања ќе се спаси татковината

Сеад Ризвановиќ Коментари (9)   
28.12.2008 18:53
Паско Кузман - директор на Управата за културно наследство
 

2008 досега е година на најобемни археолошки истражувања во Македонија. Истражувањето на 16 најголеми праисториски, антички и средновековни локалитети, според Владата, треба да придонесе за зацврстување на идентитетот на македонскиот народ.

„На овој начин ја збогатуваме археолошката наука и културна историја на нашата земја. Со резултатите од овие зафати ги отсликуваме составните делови на ентитетот на македонскиот народ и другите етнички заедници во Република Македонија“, изјави Никола Груевски, премиер на Македонија.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, археолошките истражувања ги поврза со одбраната на државните интереси.

„Така ќе ја спасиме нашата татковина. Ова сакав да го кажам за да им порачам на нашите опоненти дека колку и да не напаѓаат и мразат, ние ќе им помагаме и ќе им враќаме со љубов и со по некое добро дело“, изјави Паско Кузман.

Потрагата по идентитетот на македонскиот народ годинава имаше и поинакви димензии. Со сите државни почести беа примени принцот и принцезата на црномурестото пакистанско племе Хунзи, кое за себе тврди дека се потомци на Александар Македонски.

Во заедничкото трагање по корените, далечните роднини одеа од Лазарополе до Охрид, од Скопје до Битола и Вевчани за да ја видат својата прататковина.

Токму археолошките локалитети беа дел од нивната агенда. Ако дојдат повторно, земјата ќе биде прекопана во потрага по нови археолошки сознанија со работа на досега запоставени локалитети.

За првпат по 50 години годинава се извршени големи археолошки работи на скопското Кале. За 2009 година се планира истражување на целата скопска тврдина со што овој дел ќе биде целосно истражен.

Во 2009 година армија археолози ќе работат на 15 локалитети, а главните работи, освен на Калето, ќе се одвиваат на уште три локации, Исар Марвинци, Хераклеја и Стоби.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Новооткриени артефакти во Хераклеја [19.12.2008]
• Кокино - запоставена туристичка дестинација [16.12.2008]
• Пронајдени три мермерни глави во Стибера [16.12.2008]
• Археолошка офанзива во Македонија [23.10.2008]
• Откриена статуа на божицата Ника [21.10.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk