Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Намерна грешка на Манчевски во спотот „Македонија - вечна“?

Горан Момировски Коментари (177)   
25.12.2008 12:25
Манчевски: Маанџии колку сакаш
 

Спротиставени реакции во јавноста за промотивниот спот за Македонија направен од најдобриот македонски филмски режисер Милчо Манчевски.

Најголемиот дел од реакциите за спотот, објавени на веб-страницата на „А1“ се однесуваат на едностраното презентирање на Македонија како исклучиво христијанска земја.

За дел од гледачите на „А1“, спорна е оригиналноста на приказната на спотот со сликовницата, која ја има и во спотот за светска промоција на Грузија, објавен на веб-сајтот на YouTube во 2006 година.

Забелешки за спотот доаѓаат од сите краеви на Македонија кои не се застапени во спотот. Критиките се однесуваат пред се на доминантната позиција на Охрид во приказната во која се забележуваат и технички пропусти.

Во 13-та секунда пред куќата во Велес, јасно се гледаат заборавени рефлектори, а во 24-та секунда во кадарот во кој се гледа момче, за кое се претпоставува дека е младиот Александар Македонски, се забележуваат технички недоследности.

Режисерот Манчевски во телефонска изјава за „А1“ вели дека спотот има современ естетски пристап или свртување на вниманието на самата изработка на спотови во која централно место има пораката за себеповикување. Тој не го гледал спотот за Грузија, но според него нормално е да се слушаат споредби со него поради злите јазици во Македонија.

„Секој има право на свое мислење, маанџии колку сакаш, ама едвај чекам маанџиите да седнат и да сработат самите нешто добро. Во почетокот на спотот, во отприлика една четвртина од секунда се појавува куќа во Велес и пред неа рефлектори, рефлекторите со кои работевме снимени се и тој кадар е намерно оставен во спотот“, изјави Манчевски.

„Тоа е дел од еден суптилен структуралистички пристап кон делото, кон уметноста, каде што малку се насочува гледачот да го забележи суптилно и самиот процес на создавање на делото“, додаде Манчевски.

Скулпторот и академик Томе Серафимовски во Студио 2 вчера не беше воодушевен од последното уметничко дело на Манчевски.

„Јас имам страшни симпатии спрема неговото творештво, но овој спот, мене ми е многу жал, не ги исполни моите очекувања, меѓутоа она што е направено ми делува премногу, во старата античка историја се вели - дорски, оти дорските племиња биле највоинствени. Премногу дорски ми делува, премногу воинствено“, рече вчера за Студио 2 академик Томе Серафимовски.

Гледачите на „А1“ забележуваат и на фактот што секвенцата која се однесува на народната песна „Биљана платно белеше“ не се случува на Охридското Езеро. Зад кадарот во оваа сцена јасно се гледа Големиот Остров или Змискиот Остров во Преспанското Езеро.

Според реакциите кои дојдоа до „А1“, навредени се и голем број гледачи на „А1“ од источна Македонија, од Битола, Прилеп и други градови што не се доволно застапени во спотот.

Од денеска овие инсерти со убавините на Македонија се емитуваат на „Си-Ен-Ен“ и на „Си-Ен-Ен Интернешнл“, а ќе биде адаптиран и на уште осум јазици.

Спотот е во продукција на „Сенка филм“, финансиран од Владата и Министерството за култура, со буџет од 190.000 евра.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Спотот „Македонија - вечна“ на Си-Ен-Ен [24.12.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  9. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  10. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk