Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Валијантос: Македонија не е грчки ентитет

Горан Момировски Коментари (34)   
25.11.2008 23:26
Валијанатос беше отстранет од ПАСОК поради промакедонските ставови
 

Григорис Валијанатос, советникот на лидерот на ПАСОК Папандреу, отстранет од партијата поради промакедонски ставови, во ексклузивно интервју за А1 ја повика Грција да го признае и малцинството и уставното име на Македонија.

Мора да сфатиме дека Македонци постојат и надвор од Грција, вели Валијанатос, кој е челник на Грчкиот хелсиншки комитет.

Вие на некој начин бевте жртва на македонско-грчкиот спор кој трае веќе 17-18 години. Што мислите за иднината на овој спор? Постои ли капацитет во Грција спорот наскоро да се надмине?

- Пред се, активист за човекови права не може да биде жртва. Понекогаш постигнуваме мали победи. Тоа не е лесно, но ние сме подготвени. Мислам дека времето ќе го санира она што е направено во образованието во мојата земја. Грчките Македонци ќе сфатат дека кон крајот на XIX век се оформи нова нација, нов ентитет во земјата позната како Македонија, а тој едноставно не е грчки ентитет.

Како што гледате, многумина се плашат да го сторат тоа.

- Верувам дека Македонците без никаков друг атрибут со тек на времето ќе бидат сфатени, но грчките Македонци кои сметаат дека се Грци треба да сторат напор, како и меѓународните фактори, ми се чини.

Сега сме во фаза кога треба да ги прочитаме конвенциите за човекови права на ЕУ. Мислам дека многу други народи, и многу малцинства треба да формираат сојуз и да ги научат Грците што значи да се биде малцинство, и колкаво богатство е соживотот со малцинствата.

Вие сте еден од прогонуваните поради своите јавни изјави за постоење македонско малцинство во Грција. Постои ли во Грција капацитет, или релевантна интелектуална или политичка сила која би можела да ги убеди грчките власти да ја признаат оваа состојба?

- За ова во неколку наврати веќе имам пишувано. Се плашам дека грчките интелектуалци во овој контекст се заспани. Ги повикувам да се разбудат. Мислам дека ќе се разбудат, на еден или друг начин. Другиот начин се, за жал, меѓународните судови за човекови права.

Дали сметате дека Република Македонија постапи соодветно со поднесување тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Ден Хаг?

- Со оглед на тоа дека не сум судија, мислам дека Република Македонија има право да оди на тој суд. Секако вие сте Европјани.

На крајот, ваш коментар за грчкото вето во Букурешт, и за однесувањето на ЕУ, која вели: „прво добрососедски односи со Грција, па потоа можеби влез во Унијата“.

- Нашата позиција за ова е дека ЕУ и европските политички сили за жал се многу лабави кога се работи за имплементација на човековите права во Грција. Мислам дека тоа ќе се промени.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Норвешка побара флексибилно решение за спорот со Грција [25.11.2008]
• Грција се подготвува за судењето во Хаг [24.11.2008]
• Кумуцакос: Македонија ја прекрши спогодбата [21.11.2008]
• Македонија со тужбата се оддалечувала од НАТО [19.11.2008]
• Македонија сама донесе одлука за тужба [19.11.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk