Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонија покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата против Грција

Горан Момировски Коментари (124)   
17.11.2008 19:52
Силно сме уверени дека Меѓународниот суд на правдата ќе ни помогне да го решиме овој правен спор
 

Најдоцна за 4 години Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да донесе одлука дали јужниот сосед ја прекршил времената спогодба потпишана од Грција и Македонија во 1995. Во апликацијата која денеска е доставена во Хаг, Македонија бара судот формално да потврди дека Грција го прекрши ставот 1 од членот 11 од времената спогодба, според кој јужниот сосед се согласи да не ја блокира Македонија во меѓународните институции доколку ја користи референцата ФИРОМ.

Во образложението на тужбата, македонската Влада вели дека тоа е единствен начин Македонија да ги оствари, своите права од времената спогодба.

„Македонија беше попречена во добивањето на покана за зачленување во Северноатлантската алијанса. Ваквото повредување на времената спогодба ја доведува Македонија во правна несигурност и исто така го доведува во прашање кредибилитетот на взаемно склучените спогодби како меѓународни договори“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

„Како последица на тоа, Владата на Република Македонија одлучи да поднесе апликација пред Меѓународниот суд на правдата, која има за единствена цел да ја заштити времената спогодба од понатамошни повреди“, додаде Милошоски.

На тужбата и претходела неколкумесечна опсежна анализа во која се консултирани врвни светски експерти од неколку престижни универзитети во САД, Велика Британија и Франција.

Откако од водечки авторитети во меѓународното право добиле проценка дека постојат реални шанси Грција да биде казнета за прекршување на меѓународен договор, за политичките аспекти на тужбата било разговарано и со низа поранешни и сегашни политичари од земји членки на НАТО, ЕУ и пријателски земји според кои Македонија има целосно право, согласно принципите на Обединетите нации, да бара правда во Хаг.

За процесот во Хаг информиран е и медијаторот Нимиц кој индиректно дал поддршка за овој потег кој нема да влијае на преговорите за името. И странските амбасадори во Скопје кои денеска на специјална средба беа информирани, немаат против судска разврска на овој дел од спорот меѓу Македонија и Грција.

Амбасадорот на Франција, која е претседавач со ЕУ до декември, вели дека сега останува за времената спогодба да решаваат соодветни правни институции. Тој е задоволен што Владата се обврзала да не ги прекине преговорите за името.

Бернар Валеро
 

„Ова прашање е во рацете на правдата на судот. Да му го оставиме тоа на Меѓународниот суд, не морамеда се мешаме во независноста на Меѓународниот суд. Важно е тоа дека добивме потврда од министерот за надворешни работи дека преговорите ќе продолжат. Македонија се обрза да преговара, ова е многу позитивно, ова е вистинскиот чекор“, изјави Бернар Валеро, амбасадор на Франција.

Одлуките на Судот во Хаг се обврзни за странките во спорот, особено што и Грција и Македонија со спогодбата се согласуваат дека единствена институција која е надлежна за решавање на спорови кои ќе произлезат од неа е Меѓународниот суд во Хаг.

Досега сите земји кои добиле пресуди од овој суд ги спровеле во дело препораките за чие извршување е надлежен Советот за безбедност на Обединетите нации. Во практика, со позитивна пресуда за Македонија, Грција ке мора да се согласи да дозволи прием на Македонија во НАТО под привременото име од Обединетите нации.

Владината одлука да се тужи Грција е прекршување на Уставот и Законот за надворешни работи затоа што Претседателот на државата не бил консултиран за овој потег, се вели во официјалното соопштение од неговиот кабинет.

Со тоа, според шефот на државата, Премиерот дефинитивно ја презеде целосната одговорност за решавање на спорот за името како и за успехот или неуспехот на процесот на евроатлантско интегрирање.

Во својот говор на седницата посветена на името, Црвенковски пред две недели индиректно се согласи со тужбата пред судот во Хаг.

„Заради ваквото насилничко кршење на меѓународно право и взаемно прифатените обврски, ние можеме да покренеме одредени постапки пред ООН или меѓународните судови. И јас сметам дека овие опции треба сериозно да се разгледаат“, изјави Црвенковски пред македонскиот Парламент на 3. ноември.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk