![]() |
![]() |
| Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа |
|
50-50 !Почитувани љубители на квизовите, Од 30-ти јуни, стартува најгледаниот квиз на двојки во светот, Вам веќе познатиот „50-50 “. Во минатата сезона 13 двојки го збогатија својот буџет учествувајќи и забавувајќи се. Ваква можност е повторно пред Вас. Пријавете се на бројот 141 351 без префикс од кој било крај на РМ од мрежата на сите мобилни и земни оператори и со малку среќа пред Вас е неповторлива можност заработите 300.000 денари три пати седмично за само четириесетина минути. Додека Вашиот „Милионер“ е на заслужен одмор до септември, „50-50 “ е со Вас секој вторник, четврок и недела, во 21 часот.
Наместо старата игра „Компанија“ за тоа која од двете среќни двојки ќе ги одигра двете игри во квизот, ќе одлучи „фрлањето на паричката“. Во рацете на Вашиот нов водител Жарко Димитриоски , изборот на „петка“ или „глава“ е Ваш , а за тоа на располагање Ви е новата монета од 50 денари која природно се вклопува во името на ова шоу. Двојката која ќе има помалку среќа секако ќе учествува повторно во една од следните епизоди на квизот, се додека среќата „не и се насмевне“. Двојката пак која има повеќе среќа и точно го „типувала“ аверсот или реверсот на монетата од 50 денари, со помош на водителот и многубројната публика во студиото ќе го покаже своето знаење низ двете игри на квизот: „Градење банка“ и „Се или ништо“ . Во играта „Градење банка“ натпреварувачите од двојката се седнати еден спроти друг, пред своите монитори. Пред да започне играта, водителот и представува на јавноста во каква врска е двојката и некои поединости од нивното пријателство. Двојката во оваа игра треба да одговори на десет прашања. За секое од прашањата има два понудени одговори од кои само еден е точен. Поставеното прашање и понудените два одговора за него ќе бидат прочитани од водителот и испишани на мониторот пред секој од натпреварувачите од двојката, кои додека не го одговорат прашањето со допир на допирниот монитор немаат право да зборуваат меѓу себе. Првиот натпреварувач нема лимитирано време за одговор, а вториот натпреварувач мора да го одговори прашањето во интервал од само десет секунди по својот партнер. Додека не одговори првиот натпреварувач, водителот може да го прашува што мисли, кој е точниот одговор и зошто, но никако не смее да го наведува кон било кој од понудените два одговори. Штом првиот натпреварувач ќе го одбере одговорот кој смета дека е точен, започнуваат 10-те секунди за чие времетраење мора да одбере одговор на истото прашање и вториот натпреварувач. Тој може да се сложи со изборот на партнерот кој одговара прв или да не се сложи со него и за точен да го посочи другиот понуден одговор. За компјутерот, конечен одговор од двојката која се натпреварува е одговорот на вториот натпреварувач. Секое точно одговорено прашање е вреднувано со сума изразена во македонски денари. Значи дека со секој точен одговор во банката се внесува сумата со која е вреднувано прашањето. За секое од прашањата е значи детерминирана сума изразена во македонски денари соодветна на тежината на поставеното прашање. Доколку сите десет прашања се одговорат точно тогаш номиналната сума која една двојка може да ја „депонира“ во банката е 30 илјади денари. Оваа сума, односно од двојката освоената сума се пренсува како основен депозит во втората игра од квизот која се нарекува „Се или ништо“. Секое од одговорените прашања се аплицира со компјутерска графика поставена меѓу самите натпреварувачи. Втората игра која се нарекува „Се или ништо“ всушност го потенцира сегментот на среќа во овој квиз на знаење. Во неа двојката може да ја мултиплицира својата добивка внесена во претходната игра соодветно за два пати, три пати, пет пати или десет пати, во зависност од тоа на колку од петте поставени прашања ќе одговорат точно и конечно и најбитно во зависност од типувањето за тоа колку од прашањата сметаат дека ги одговориле точно. Пред почетокот на оваа, втора игра, натпреварувачите од двојката сами одлучуваат кој од нив ќе одговара прв. Потоа натпреварувачот кој одговара прв седнува зад својот партнер од двојката и двајцата со ликот свртени кон водителот во студиото полно со гледачи. Им се поставуваат вкупно 5 прашања. Водителот го чита само прашањето но не и двете опции за понудениот одговор. На натпреварувачот кој одговара прв, на мониторот му се нудат два одговора за понуденото прашање од кои само еден е точен. На натпреварувачот кој одговара втор му се нуди само еден одговор за понуденотио прашање и тоа е всушност одговорот кој за точен го избирал неговиот партнер. На местото на втората опција за одговор останува празно правоаголниче. Натпреварувачот кој одговара втор може да го одбере одговорот кој за точен претходно го одбележал партнерот или за точен одговор да го одбере празното правоаголниче каде нема понуден одговор, сметајќи дека одговорот на неговиот партнер е секако неточен. Сега првиот натпреварувач има лимитирано време од 10 секунди за одговор , а вториот натпреварувач нема лимитирано време за одговор. Водителот не комуницира со никој од натпреварувачите додека е отворено конкретно прашање. Комуникацијата не е дозволена и помеѓу самите натпреварувачи од двојката се додека не го одговорат прашањето. За конечен компјутерот го бележи одговорот избран од вториот натпреварувач. Водителот не и соопштува на двојката по секое прашање дали одговориле точно или не. Ова „откривање“ се случува откако натпреварувачите ќе ги одговорат сите пет прашања. Тогаш, водителот го прашува натпреварувачот кој втор одговарал во оваа игра да одговори на прашањето на колку од петте прашања од играта дале точен одговор. Знаењето и помнењето на дело одлучуваат со колкава добивка секоја двојка си заминува од Студиото на А1 Телевизија. На крајот, по честитките за остварената добивка во секоја емисија се доделува награда за гледачите на квизот пред малите екрани. Најсреќниот од нив добива три илјади денари и неповторлива забава со еден од најуспешниѕте квизови на двојки во светот. Ова е уште една дополнителна и особено интерактивна можност за сите Вас кои не ќе имате среќа да бидете двојка која се натпреварува во квизот. Сега знаете зошто треба да сте со нас на 30-ти јуни 2009 година, во 21 часот. Продуцентскиот тим на квизот „50-50 “ од Вашата А1 Телевизија Ви посакува пријатни летни мигови.
|