А1 Телевизија

Топ вести | Македонија | Економија | Балкан | Свет | Занимливости | Наука/техника | Спорт

Осумте близначиња пристигнаа дома

[17.04.2009] Надја Сулејман, која во јануари роди осморка, конечно се врати дома. Нејзините шест момчиња и две девојчиња се пуштени од болницата во Лос Анџелес на почетокот од оваа недела.

Сулејман дозволи на интернет страницата Radaronline.com која третира познати личности да ја сними нејзината фамилија, а наводно е во преговори и со една телевизиска компанија.

Снимениот видео материјал кој е објавен на веб страницата ја покажува мајката како се смее и во рацете ги држи своите деца.

Бебињата се втор познат случај на осморка забележан во САД.

Сулејман за магазинот „Life & Style“ изјави дека има намера да сними телевизиска емисија, но дека ќе станува збор за документарец, а не за реалити шоу.

Инаку, мајката на осморката дојде во центарот на вниманието откако во јавност излегоа информации дека е разведена, невработена и живее од социјална помош во станот на своите родители.

Оттогаш се пресели во нов дом, благодарение на помошта од луѓето кои и испраќаа пари преку нејзината интернет страница. Сулејман одлучи да го заштити името „Octomom“ (мајка на осморка).


< Горе

(C) А1 Телевизија