Македонија најави 4 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата [20.11.2008] Македонскиот министер за економија Фатмир Бесими најави дека Македонија во наредните неколку години има зацртано да инвестира три до четири милијарди евра во изградба и подобрување на инфраструктурата. Бесими ова го рече на отворањето на петтиот по ред Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008, што започна денеска во Охрид.
Љајиќ: Личноста на фотографијата на сајтот на „ЈУГпрес“ не е Младиќ [20.11.2008] Претседателот на Нaционалниот совет на Хашкиот трибунал и координатор на акциониот тим, Расим Љајиќ, изјави дека на снимките објавени на сајтот на „ЈУГпрес“ не е Ратко Младиќ, туку некоја друга личност.
Сомалиските пирати побарале 25 милиони долари откуп [20.11.2008] Сомалиските пирати кои го киднапираа саудискиот супер танкер „Сириус Стар“ денеска побараа откуп од 25 милиони долари, давајќи 10 дена рок за исплата, соопшти еден од пиратите.
Нов пад на цената на нафтата поради стравување од рецесија [20.11.2008] Суровата нафта утрово на берзата во Њујорк се намали под 53 долари за барел, што е најмала вредност за две години. Цената на американската „лесна“ нафта денеска на Њујоршката берза се намали за 92 центи на 52,70 долари за барел.
ОКТА пречка на патот кон Европа [20.11.2008] Продолжуваат протестите на мештаните од околината на рафинеријата ОКТА. Тие од вчера не им дозволуваат ниту влез ниту излез на цистерните. Поставија монтажна куќичка на влезот на рафинеријата и се заканија нема да отстапат се додека ОКТА загадува.
Експлозија во седиштето на владата на Тајланд [20.11.2008] Најмалку едно лице загина, а 22 се ранети во експлозија што изутрината се случи во седиштето на владата во Банког, што пред три месеци го зазедоа опозициски демонстранти. Експлозијата на граната ја прекина националната жал прогласена по повод погребот на постарата сестра на кралот.
Албанија осуди на 20 години затвор педофил-странец [20.11.2008] Судот во Тирана го прогласи за виновен Дејвид Браун од Шкотска заради сексуална злоупотреба на деца во неговото прифатилиште во Тирана и го осуди на 20 години затвор.
Солана бара помош од Рајс и Бан Ки-мун за ЕУЛЕКС [20.11.2008] Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана денеска ќе разговара со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за, како што се очекува, ситуацијата на Косово, јави Танјуг.