Етаблираната хрватска водителка Николина Пишек има завршено факултет за дизајн на Архитектонскиот факултет, а со водителска работа се занимаванеколку повеќе години. Николина е препознатливо лице кое секогаш го гледавме со задоволство во многу шоубиз, забавни емисии, а имавме можност и да ја гледаме и во епизодни улоги во домашните серии. Во приватниот живот е мајка на девојчето Хана, родена 1997 година, а во моментот е во врска со познатиот хрватски нуркач Кристијан Цуравиќ. Николина, во најголемото шоу на овие простори, „Операција Триумф“, е рамноправен дел од тимот на Гала вечерта, заедно со своите колеги Милан Калиниќ, Ана Михајловски и Драган Маринковиќ-Маца.