Аднан Бабајиќ е победник на Операција Триумф
Повеќе од милион гледачи, со своите гласови, го одбраа Аднан за прв победник на
Операција Триумф. Во финалето кое се следеше на подрачјето на поранешна Југославија,
гледачите со своите пораки одлучија дека Аднан Бабајиќ од БиХ е тој кој заслужил
да го освои првото место.
Веднаш зад него се најде Вукашин, додека нашиот Александар, кој со месеци беше фаворит
на публиката го освои третото место.