![]() |
![]() |
| Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа |
|
Кој сака да биде милионер!Оваа сезона, А1 Телевизија се потруди во соработка со лиценциерот на квизот да ви обезбеди уште една можност повеќе за да со Вашето вистинско знаење полесно ги освоите 4-те милиони денари. Покрај трите досегашни „џокери“, на располагање Ви е и нов џокер, т.н. „смени го прашањето“. Овој џокер ви е на располагање дури по освојување на првата загарантирана сума во квизот, значи по петтото прашање. Кога ќе се решите да го употребите, тогаш, согласно правилата на приредувачот на лиценцираната франшиза која се емитува во 102 земји во светот, мора да одберете од кој од останатите џокери кои ви стојат на располагање ќе се откажете. Имено, доколку на натпреварувачот не му се допаѓа прашањето од нему познати причини, тогаш истото може да го замени со ново прашање со иста тежина, но можеби, зависно од среќата, не и од истата област. Откако натпреварувачот ќе се изјасни дека сака да го замени прашањето како „конечен“ избор, тогаш, пред замената на прашањето за да продолжи играта, водителот го прашува како сепак би одговорил на прашањето кога веќе не постои опасност да ја изгуби поради ова до тогаш освоената сума. Откако натпреварувачот ќе одговори, без оглед на точноста на одговорот, играта продолжува понатаму со ново прашање под ист реден број. Оваа можност секако дозволува и најрентабилно користење на расположливите видови помош, бидејќи натпреварувачот на жешкото столче најдобро знае дали има пријател кој е стручен за областа од која е прашањето или дали смета дека на истото може да одговори публиката, па соодветно еден од овие џокери да го замени со новиот, т.н. „промена на прашањето“. И оваа, трета по ред сезона е во комплетна продукција и постпродукција на тимот на А1 Телевизија. Водител на квизот е повторно ненадминливиот Сашко Мацановски Трендо, а на располагање ви нудиме 60 незаборавни часови на забава и учење низ игра.
Од 122.955 повици на телефонскиот број 141 377, деведесет гледачи пред малите екрани го збогатија своето секојдневие со по 10 000 и 20 000 денари, а одговорите на прашањата останаа запаметени по некои „бисери на мудроста“. Од пријавените 40.790 кандидати, до сега 244 натпреварувачи на „жешкото столче“ освоија 12 милиони денари (12.012.000 денари). До сега вкупно од двата циклуса пет мина со најбрзи прсти, покажаа знаење за добивка од 500.000 денари , а до сега, „безобразно“ високата награда од 4.000.000 денари се уште не е освоена. Со почетокот на новиот циклус на интернет страницата на А1 Телевизија www.a1.com.mk/milioner, можност да играме „Милионер“ со прашањата употребени од минатиот циклус.
Практичен тренинг за сите кои сметаат дека за само 59 денари по повик, со вклучен ДДВ, се доволно подготвени да го пријават своето учество на бројот 141 577 , без префикс од било кој крај на Република Македонија, од фиксната телефонија и сите мобилни оператори. Тимот на најуспешниот квиз на знаење прашува: „Зошто бројот 141 577 е најбараниот во 2008-та?“. Со почит, А1 телевизија
|