|

Како и Кога ќе се одржат аудициите?
Моментално имаме направено распоред за градовите подолу. Ве охрабруваме да се регистрирате за време на деновите за регистрација и да се вратите на денот за аудиција, а не да се регистрирате на денот за аудиција.
На некои локации, може да се регистрирате РАНО наутро на денот на аудицијата, но ако чекате дотогаш за регистрација може да бидете меѓу последните и нема да гарантираме место за вас.
Ќе ги објавиме периодите за регистрација и аудиција кога ќе бидат конечно одредени. Запомнете, аудициите ќе се одржат без разлика дали ќе врне или ќе биде сончево.
Проверувајте го СЕКОЈ ДЕН веб-сајтот, за да видите дали има некои нови информации.
СИТЕ ГРАДОВИ, МЕСТА И ДАТУМИ СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНА.
Распоред на аудиции и листа на локали низ Р. Македонија
27.08 Охрид Клуб Парк 31.08 Кавадарци Клуб Спејс 03.09 Струмица Клуб Селект 07.09 Велес Клуб Инпакт 10.09 Штип Диско Кабаре 14.09 Куманово Клуб Линка 21.09 Битола Клуб Инфинити 24.09 Тетово Клуб Buggati 28.09 Прилеп Клуб Вип
Колку долго траат отворените аудиции за секој град?
Секој град е различен и правилата за аудиција можат да се променат според слободното одлучување на Продуцентот. Постојано проверувајте го нашиот веб-сајт на www.А1.com.mk за детали.
Моменталниот план е тие кои ќе го поминат на отворените аудиции во секој град, ќе бидат замолени да се појават на последователните кругови. Ова може да трае неколку денови, затоа бидете подготвени.
Дали аудициите се со закажување или без правила?
Аудициите за првиот круг не се со закажување. Сите учесници во секој град ќе се појават на истото одредено место и време како што е определено од Продуцентот.
Можам ли да се пријавам на аудиција во повеќе градови?
Добредојдени сте да ги посетите аудициите во повеќе градови; сепак треба да бидете свесни дека аудицијата и бројот на луѓето кои ги гледаме во секој град може да е различен.
Што ако мојот родител или старател не е во состојба да ме придружува во деновите за регистрација и/или аудиција?
Ако вашиот родител или старател не е во можност да ве придружува во деновите за регистрација и аудиција, вашиот родител или старател мора да назначи старател за деновите за регистрација и аудиција.
Назначениот старател МОРА ДА ИМА 21 ГОДИНА ИЛИ ПОВОЗРАСЕН.
Ве молам имајте в предвид дека образецот за Старателство и Медицинско Овластување на Малолетници МОРА да биде потпишан и ЗАВЕРЕН, за да биде важечки. ИСТИОТ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ МОРА ДА ВЕ ПРИДРУЖУВА НА АУДИЦИЈАТА.
Може ли да донесам пријатели или членови на семејството на аудицијата?
Луѓето кои се јавуваат на аудиција можат да доведат САМО ЕДЕН ПРИЈАТЕЛ ИЛИ ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВО со нив внатре во локацијата за аудиција.
За да му биде дозволен влез во локацијата за аудиција, тој пријател или член на семејството МОРА да дојде со вас на денот за регистрација за да добие марама и билет за седење.
Ако имате под 18 години на денот на аудицијата, МОРА да доведете родител или старател со вас аудицијата.На деца помали од 5 години нема да им биде дозволен пристап во локациите за аудиција.
Дали може да понесам музички инструмент со себе на првиот круг од аудицијата?
Нема да ви биде дозволена употребата на музички инструмент за време на локалните аудиции.
Додека го чекате да биде повикан вашиот реден број можете да вежбате со вашиот инструмент,но нема да можете со истиот да бидете во просторијата за снимање.
Употребата на музички инструменти може да биде дозволена подоцна во процесот на аудиција.
Сите забелешки и коментари пратете ги на: promo@a1.com.mk
|