![]() |
|
|---|---|
Алфи го претепале за вреќа брашно Селим Јусуфи од скопско Љуботен добил ќотек за вреќа брашно. Како што раскажа ја купил. Но, неговиот сосед се посомневал дека тој бил крадецот кој неколку пати му го ограбил магацинот. Организаторите на тепачката на помош ги повикале и нивните роднини вработени во полициската единица Алфи. Па соседот во придружба на специјалците го затвориле Селим во слаткарницата Палма во скопски Чаир и го тепале со што стигнале. Откако го истепале колку што мислеле дека е доволно, излегол од слаткарницата и случајни минувачи го пренеле до градската болница. По шиењето на главата заминал во полициската станица на „Бит пазар“. Пријавил дека алфи облечени во цивилка го тепале. Од МВР потврдија дека Селим бил нападнат. Пријавениот вработен од единицата Алфи бил повикан на информативен разоговор, да се утврди зошто бил на местото на инцидентот облечен во цивилка. Засега за целиот случај се уште се врши истрага.
|