Џемаили го знае рецептот за да си го зачува мандатот

Имунитетот го даде. Ќе го врати ли и мандатот или насила ќе му го одземат. Пратеникот Хисен Џемаили на работа во Собранието не доаѓа, а полицијата го бара, и тоа интензивно.

„Министерството за внатрешни работи со несмален интензитет работи на спроведување на наредбата од судот и во моментот кога врз основа на нашите сознанија ќе ги имаме потребните податоци наредбата од судот во целост ќе биде реализирана“, изјави вчера министерката Јанкуловска.

Утре во Парламентот е закажана седница. Како ќе го оправда своето отсуство пратеникот бегалец.

Опомена, парично, одземање на мандатот, вакви се казните за лошо пратеничко поведение. Но, досега на ниту еден пратеник не е казнет за отсуство од работното место.

Вешто манипулираат како да не доаѓаат на работа, а да земаат плата. Во минатиот состав најнепримерен беше Љубчо Георгиевски.

Само еднаш во 6 месеци доаѓал на седница во Собранието, не проговорил ниту збор, не гласал, но не го изгубил мандатот.

Од 90 седници, 78 пати оправдано отсуствувал, а 11 пати не го оправдал своето отсуство. Тоа е Георгиевски во бројки, според евиденцијата која ја водела невладината МОСТ.

Откако судот издаде потерница, утрешната ќе му биде прва седница на Хисен Џемаили.

Алармот се вклучува по три неоправдани отсуства и дури тогаш пратеникот се казнува со 5 проценти од платата за секој ден отсуство.

Но, речиси невозможно е на пратеник да му се одземе мандатот.

Треба 6 месеци да не доаѓа на работа и да не се правда кај Претседателот на Собранието и дури тогаш мандатно-имунитетната комисија ќе расправа дали пратеникот ќе го избркаат на улица.

Утре почнува одбројувањето за Џемаили. Прва седница, прв ден од 6-те месеци. Но, ако досега пратениците усно ги правдаа своите изостаноци, сега и за нив училишни правила. Оправдание на хартија.

Сите коментари пратете ги на:

deska2@a2.com.mk